7 работи кои треба да престанете да ги правите ако имате ретка и тенка коса
Немојте да користите продукти со многу масла и избегнувајте кратки и рамни фризури кои прават косата да изгледа уште поретка.
Не секој е надарен со густа и сјајна коса.
Но, дури и да имате многу ретка и тенка коса, можете да ѝ го подобрите изгледот со правилна нега и соодветен избор на фризура.
Неколку работи кои треба да ги имате предвид ако косата ви е тенка и ретка:
Не ја потстрижувате во слоеви
Кога косата е долга и рамно потстрижена, изгледа потенка и поретка отколку што е.
Ако имате фризура без слоеви, косата само ќе „виси“ и ќе делува безживотно.
За да ѝ додадете волумен, секогаш е подобро да ја потстрижете слоевито.
Имате премногу слоеви
Од друга страна, не треба ни да претерате со слоевитото потстрижување.
Ако фризурата има премногу слоеви, косата може да изгледа уште потенко.
Затоа изберете фризура со 2-3 слоја кои само даваат волумен. Секогаш можете да се консултирате и со вашиот фризер кој ќе ви помогне да ја изберете најдобрата фризура.
Ја потстрижувате многу кратко
Иако пократката коса може да изгледа погусто, ако е премногу кратка, на пример до брадата, и рамна, ќе го постигнете спротивниот ефект.
Ако сакате кратка коса, избегнувајте рамни фризури и изберете нешто слоевито што ќе даде илузија на волумен.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





