7 работи кои треба да престанете да ги правите ако имате ретка и тенка коса
Користите погрешни продукти
Ако имате тенка и ретка коса, најдобро избегнувајте продукти на база на масло и продукти со силикони.
Овие продукти можат да направат косата да изгледа помрсно и со тоа потенко.
Држете се до продукти што ги хидрираат скалпот и косата.
Ако сакате да користите масло, дајте им предност на оние „полесните“, како арганово, и секогаш нанесувајте ги само на врвот, никако по целата должина на косата.
Не користите продукти за волумен
Шампоните и другите продукти кои даваат волумен треба да содржат состојки како кератин и пантенол.
Овие состојки ја зајакнуваат косата и можат да направат да изгледа погусто.
Откако ќе ја измиете косата, препорачливо е да ставите и продукт кој не се мие (leave-in) кој ќе ја зајакне косата, но и ќе ја направи отпорна на топлина од фен, пегла и слично.
Можете да користите и мус или пена за коса на корените – ставете мало количество пред да ја исушите со фен. На овој начин ќе ѝ дадете малку волумен.
Ако косата ви е малку мрсна, секогаш можете да ставите шампон за суво миење кој ќе ги апсорбира мастите и ќе ѝ даде малку волумен.
Ја миете косата секој ден
Ако ја миете косата секој ден, ќе ви се мрси почесто и со тоа ќе изгледа уште потенко и поретко.
Најдобро е да ја миете косата два, најмногу трипати неделно.
Доколу имате навика да ја миете секој ден, постепено намалувајте го бројот на миења и со текот на времето косата ќе се „навикне“ и ќе се мрси поретко.
Не ја потстрижувате редовно
Важно е ја потстрижувате косата редовно за да ги отстраните испуканите и оштетените врвови.
На овој начин косата ќе изгледа поздраво, но и погусто.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





