Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки)
Не внимавате на исхраната
Здравата исхрана ќе ви помогне да го одржите младешкиот изглед многу подолго.
Давајте им предност на свежи намирници, богати со антиоксиданти кои не само што му годат на организмот, туку ја намалуваат и појавата на брчки.
Користите несоодветни продукти за нега на кожа
Ако користите многу груби пилинзи, ќе ја оштетите кожата и можете предвремено да ја остарите.
Исто така, важно е да користите продукти соодветни на вашата возраст.
Ако немате ни 20 години, доволни ви се само крем за хидратација и крем со заштитен фактор - нема потреба да ја оптоварувате кожата со кремови против брчки.
Ако веќе забележувате фини брчки, тогаш вметнете состојки како ретинол.
Секогаш имајте го предвид и типот на вашата кожа бидејќи несоодветните продукти можат да ја исушат и да го забрзаат создавањето брчки.
Спиете со шминка
Спиењето со шминка воопшто не е препорачливо, без разлика што секоја од нас го направила ова барем еднаш.
Ако не го исчистите лицето пред спиење, шминката, но и нечистотиите, ќе ги затнат порите, ќе ви создадат иритации и акни, а можат да бидат причина за предвремено стареење.
Премногу го триете лицето
Избегнувајте да го триете лицето со крпа бидејќи со ова ја оштетувате кожата и со текот на времето може да си предизвикате брчки.
За лице секогаш користете мека крпа и наместо да го триете, само истапкајте го за да ја впиете водата.
Водите грижа само за лицето
Годините се познаваат и на вратот, дланките и другите делови од телото.
По одредена возраст ова е нормално, но не треба да ги запоставувате и другите делови од телото и да водите грижа само за лицето ако сакате да го избегнете предвременото стареење.
Кремот со фактор треба да го нанесете на секој дел од телото што ќе ви биде изложен на сонце, важно е да ја хидрирате кожата со соодветни лосиони, а серумите и продуктите што ги користите на лицето ставајте ги и на вратот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





