Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки)
Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите несоодветни продукти за нега.
Појавата на брчки е сосема нормална по одредена возраст и нема потреба да ве загрижуваат или да ви влијаат на самодовербата.
Но, со некои лоши навики, несвесно ја оштетувате кожата, па може да се соочите со подлабоки брчки уште во младоста.
Дел од нив во продолжение:
Не ја заштитувате од сонце
Не залудно дерматолозите одново и одново зборуваат за важноста од користењето кремови со заштитен фактор.
Ултравиолетовите зраци од сонцето ја оштетуваат кожата, го зголемуваат ризикот од појава на брчки, но и рак.
Пред секое излегување на сонце, дури и во зима, задолжително нанесувајте крем со заштитен фактор.
Не пиете доволно вода
Количеството вода што го внесуваме не влијае само врз здравјето, туку се одразува и на кожата.
Ако не пиете доволно вода, и кожата ќе ви биде дехидрирана, а со тоа и посува и посклона кон брчки.
Значи, не е доволно да ја хидрирате кожата само со кремови и серуми – мора да пиете и доволно вода.
Не спиете доволно
Сигурно и самите сте забележале дека кожата не ви изгледа баш добро кога не сте наспани.
Покрај подочниците, недоволниот сон има и долгорочни последици врз кожата, како намалена еластичност.
Не се справувате со стресот
Стресот е нормален дел од секојдневието, но важно е како се справувате со него.
Постојаниот стрес се одразува врз целокупното здравје, вклучувајќи и врз состојбата на кожата.
Кога сме под стрес, се лачи хормонот кортизол кој, пак, го блокира лачењето на супстанци кои се важни за кожата, како колаген.
И, поради ова, хроничниот стрес може да биде причина за предвремено стареење на кожата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





