Исцртани веѓи и уште 7 ситници кои можат да го уништат и најдобриот изглед на повозрасните жени
Маскарата на долните трепки ги нагласува брчките под очите, ако ставите премногу лак за коса може да изгледа како да носите перика... Кои грешки ги прават жените?
Иако денес на пазарот постојат огромен број производи за разубавување, сепак многу жени прават грешки кога се шминкаат или ја средуваат фризурата, а со тоа го уништуваат својот изглед.
Понекогаш сè на вас може да биде совршено, но една погрешна ситница да го наруши впечатокот кој се трудите да го оставите.
Ова се некои од најчестите грешки што ги прават жените, а со кои го уништуваат својот изглед:
Веѓи кои се потемни и подебели од природните прават да изгледате постаро
Со текот на годините веѓите почнуваат да осветлуваат, побелуваат, па пробувате да им ја вратите старата боја со шминки.
Но, важно е да не се претерува, па затоа, ако сакате да ги исцртате со моливче, изберете боја што не е премногу темна (за да е многу различна од вашата природна нијанса) и не ги задебелувајте премногу за да делуваат многу вештачки.
Коса што „не мрда“ од премногу лак
Со годините влакната се истенчуваат, па многу жени почнуваат да користат лак за коса за да ја зацврстат фризурата.
Кога ставате лак не смеете да претерате, зашто во спротивно ќе изгледа како косата да ви е „зацементирана“ или дека имате перика, а не дека тоа е вашата природна коса.
Маскарата на долните трепки не е секогаш добар избор
Повеќето жени ставаат маскара и на долните и на горните трепки.
Но, кога ќе ја надминете 50-тата година, веќе не е препорачливо да ставате маскара на долните трепки, зашто таа ги нагласува брчките околу очите.
Хајлајтерот некогаш ги нагласува несовршеностите
Хајлајтерот вообичаено се става на крајот, откако ќе нанесете пудра и руменило.
Но, ако не сакате кожата да ви сјае, но и да ги скриете (барем малку) брчките, старечките дамки и црвенилото на кожата, сменете го редоследот, па преку пудрата прво ставете хајлајтер, а потоа руменило.
Фризурата го уништува имиџот
Високо кренатата пунџа се прави лесно и на прва можеби делува едноставно и елегантно.
Но, ако кај младите девојки оваа фризура делува кул, кај постарите жени има спротивен ефект и е одраз на неуредност и негрижа за изгледот.
Мат карминот понекогаш ја искривува линијата на усните
Ако сакате да им дадете малку визуелен волумен на усните, подобро е да ставите сјаен кармин или сјај во светла или неутрална нијанса, отколку усните да ги исцртате со моливче и да додадете мат кармин.
Кратка коса не е идеална ако имате тенко влакно
Многу жени веруваат дека кога ќе подостарат, треба да ја скратат косата за да изгледаат соодветно на годините.
Но, ако имате тенко влакно, подобро е да имате долга коса, отколку кратка, зашто тенкото влакно не го задржува обликот, лесно се сплескува и не изгледа убаво.
Премногу светла пудра
Бојата на пудрата влијае многу на самиот изглед, па ако изберете нијанса која е премногу светла, ќе изгледате „испиено“ и „болно“.
Светла пудра не смеете да нанесувате ни под окото, ниту на надворешните краеви, туку од внатрешната страна на окото (покрај носот) за да создадете баланс со боите.
А. Ј. | Црнобело