Какви фризури и накит ви стојат најдобро, според формата на лицето?
Издолжено лице
Оваа форма е слична на овалната, но е поиздолжена.
Избегнувајте фризури и накит кои го издолжуваат лицето, како долга рамна коса или долги обетки.
Давајте им предност на фризури со повеќе волумен и посуптилен накит.
Лице во форма на срце
Кај оваа форма, брадата е потесна, додека челото е најшироко, па најдобро ќе ви стојат фризури и накит кои создаваат рамнотежа меѓу овие делови.
Ќе изгледате добро со фризури кои го намалуваат челото, како шишки, но и фризури со должина до рамењата кои ја истакнуваат брадата.
Кога станува збор за обетки, давајте им предност на повпечатливи модели кои ќе го одвлечат вниманието од челото, но исто добро ќе ви стојат и поминималистички модели.
Лице со форма на дијамант
Оваа форма е слична на тркалезната бидејќи јаболчниците пошироки од челото и вилицата.
Но, брадата и, генерално, сите карактеристики се поостри.
Ако имате вакво лице, ќе изгледате добро со фризури кои ќе го истакната долниот дел на лицето, како кратка коса.
Од накит, избегнувајте премногу остри форми и давајте им предност на поелегантните дизајни.
Лице во форма на триаголник
Кај оваа форма, долниот дел од лицето е најширок. За да создадете рамнотежа, треба да го истакнете горниот дел.
Што значи, најдобро избегнувајте шишки и носете фризури со повеќе волумен на горниот дел.
Од накит, најдобро ќе ви стојат долги обетки, но кои не се многу големи.
Спирова С. | Црнобело