Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам витко тело“
Начин на исхрана
„Во последно време, морам да признаам, дека баш и не внимавам на исхраната и не бројам калории воопшто.
Тоа го правев со години кога многу интензивно тренирав и се лишував од сè што ми се јадеше.
Убаво е да се има витка линија на телото, но уште по убаво е кога е човек среќен и задоволен во своја кожа.
Јас сум голем гурман, и проблем ми е да не јадам. Многу сакам морска храна и суши, но дома тоа не знам да го зготвам, па често јадам надвор.
А кога готвам тоа е најчесто некое месо со зеленчук, бидејќи сепак се трудам да јадам здраво во големиот дел од времето“.
Фитнес и вежби
„Вежбам и сум физички активна, но не како порано.
Претходно бев фитнес фрик, но поради здравствени причини и проблеми со имунитетот, морав малку да намалам со интензитетот на тренинзи.
Сега возам велосипед, планинарам, вежбам фитнес, периодично вежбам и јога, но сепак си го слушам телото и правам тоа што во моментот ми се прави“.
Повеќе фотографии од Калтрина:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело