Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам витко тело“

„За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри гени. Но неизбежни се и некои третмани кои ги практикувам - 2-3 пати годишно правам PRX пилинг за лице, a последниве години користам и колагенски инјекции“, вели Калтрина за CRNOBELO.com.

kaltrina-krueziu-za-stilot-i-ubavinata-porano-broev-kalorii-no-vekje-ne-se-lishuvam-od-hrana-za-vitko-telo-01.jpg

Калтрина Круезиу, професорка по солфеж, мејкап артист и инфлуенсерка, го привлекува вниманието каде и да се појави.

Македонската Барби, како што ја нарекуваат многумина, плени со својата руса коса, полните усни и заводливиот поглед.

kaltrina-krueziu-za-stilot-i-ubavinata-porano-broev-kalorii-no-vekje-ne-se-lishuvam-od-hrana-za-vitko-telo-06.jpg

Освен што се грижи за лицето, Калтрина внимава и на телото, но откри дека не брои калории и дека не е физички активна како порано, пред сè поради проблемите кои ги имала со имунитетот.

Затоа денес, првенствено си го слуша телото и вели дека здравјето ѝ е пред сè.

kaltrina-krueziu-za-stilot-i-ubavinata-porano-broev-kalorii-no-vekje-ne-se-lishuvam-od-hrana-za-vitko-telo-11.jpg

За својата рутина за нега на лицето и телото, начинот на исхрана, но и модниот стил, Калтрина раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

Начин на облекување

„Сакам класичен стил на облекување, без многу бои и дезени. Елегантни женствени комбинации, кои некогаш знам и спортски да ги стилизирам за покежуал изглед.

Најчесто купувам фустани за да не мислам многу што да комбинирам.

Практична сум, не сакам да губам многу време на тоа ‘што ќе носам’ и никогаш не знам што ќе облечам пред да излезам.  

Гардероба најчесто купувам кај нас, бидејќи кога патувам не сакам да губам време по молови и продавници.

kaltrina-krueziu-za-stilot-i-ubavinata-porano-broev-kalorii-no-vekje-ne-se-lishuvam-od-hrana-za-vitko-telo-10.jpg

На пат никогаш не одам без добри и удобни патики, бидејќи сакам да шетам и посетувам многу места, па затоа патиките ми се неопходни секогаш. А и преку ден си ги носам постојано.

Никогаш не би облекла нешто што не ми стои и покрај тоа што е тренд.

Не следам трендови никогаш, си имам некој свој стил на облекување.

Омилено парче што го поседувам не постои, не се приврзувам со предмети и материјални работи“.

kaltrina-krueziu-za-stilot-i-ubavinata-porano-broev-kalorii-no-vekje-ne-se-lishuvam-od-hrana-za-vitko-telo-15.jpg

Нега на лицето и телото

„Број еден за нега на лицето и телото ми е хидратацијата.

Кожата на лицето ми е прилично мрсна, што е добро, затоа што побавно старее кожата.

А кожата на телото, пак, ми е сува и морам по секое туширање да го нанесам најмрсното млеко за тело што постои.

kaltrina-krueziu-za-stilot-i-ubavinata-porano-broev-kalorii-no-vekje-ne-se-lishuvam-od-hrana-za-vitko-telo-08.jpg

Се трудам да користам што помалку шминка во деновите кога немам сликање или некое снимање, а и искрено, во последно време ме мрзи да се шминкам и затоа секогаш користам квалитетна козметика.

Особено ми е битна ноќната крема - без добра ноќна крема, сон не ме фаќа.

За убаво и негувано лице пред сè клучен фактор е генетиката.

За среќа, јас имам добри гени во тој аспект, но секако, неизбежни се и некои третмани кои јас редовно ги практикувам.

Омилен третман за лице ми е PRX пилинг (го правам 2-3 пати годишно), ботоксот го обожавам, a последниве години почнав да користам и колагенски инјекции“.

kaltrina-krueziu-za-stilot-i-ubavinata-porano-broev-kalorii-no-vekje-ne-se-lishuvam-od-hrana-za-vitko-telo-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg