Омбре усни, фризури во стилот на '90-те: Совети за матурска шминка и фризура од Даниел Николовски

„Кај шминката доминираат омбре усни. Со моливче се исцртуваат контурите на устата, се сенчаат, па се додава масло за усни за сјај“, вели зa CRNOBELO.com нашиот фризер и шминкер, Даниел Николовски, кој освен за шминка, сподели совети и за фризури на матурантките. Кои се неговите препораки?

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-01.jpg

Матурските прослави само што не почнале, а матурантките сигурно веќе избрале што ќе облечат и како ќе се дотераат за оваа вечер.

Но, аутфитот е само еден дел од целата матурска сложувалка. Подеднакво важни се и шминката и фризурата, кои ќе го дополнат изгледот што си го замислила секоја девојка.

За да не згрешите во шминкањето или при изборот на фризура, еден од нашите најдобри шминкери и фризери, Даниел Николовски, за CRNOBELO.com сподели неколку совети за сите идни матурантки.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-02.jpg

Што е во мода оваа сезона, а што треба да избегнувате кај фризурата и шминката за да изгледате совршено на вашата матурска прослава?

Прочитајте ги советите од Даниел Николовски:

’90-те се вратени на голема врата и во светот на шминката и кај фризурите, па она што доминира е поприроден изглед со строги линии.

Кај фризурите тоа се високи пунџи и спуштени прамени, а кај шминката се мат бои на сенка со омбре усни.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-07_copy.jpg

Кај кармините доминираат земјени тонови без многу свежина - кафеави нијанси, темни бои накај „џигер“, но се надополнуваат со масло за усни (lip oil).

Со моливче се исцртуваат контурите на усната, се сенчаат, а потоа се додава маслото за усни за да се добие сјај.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-04.jpg

Многу често девојките на усните ставаат само concealer, а потоа врз него сјај за усни во боја или масло за усни за сјај.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-08.jpg

Сенките оваа сезона се мат, и тие ги заменија мрсните сенки и светките, кои беа во мода неколку сезони.

Боите и кај сенките се посмирени, а најактуелни се кафеавите нијанси.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-09.jpg

Руменилото е во посилни бои со малку поостри линии.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-06.jpg

Ова е период кога доминира трендот на свежо лице, без многу шминка, а повеќе со контури и без пренагласени трепки.

Различни стилови се во мода, но најважно е матурантката да се пронајде во тоа, да биде своја и да се чувствува убаво.

Оваа сезона е сменет и стилот на гардеробата, а тоа значи дека девојките ќе може да експериментираат со шминката и фризурите и да изберат интересни идеи за својот матурски изглед (на пример црн кармин или силно нагласени линии на очите), а тоа да не е само романтичен look, како што беше во последниве 7-8 години.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-05.jpg

Ова се години кога девојките го градат својот стил и се пронаоѓаат себеси, па мој совет е што и да изберат како шминка и фризура, да задржат дел од себе во целиот изглед и да не отстапуваат од тоа за сметка на изгледот на таа една вечер.

Важно е девојките да имаат голема самодоверба и да знаат да го носат тоа што ќе го облечат во комбинација со шминката и фризурата.

Ако слепо ги следат трендовите, тогаш, оваа самодоверба нема да дојде до израз, а целиот впечаток ќе биде млак, колку и да е таа убаво средена или нашминкана.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-11.jpg

Денес има уште неколку нови техники на бојадисување на косата и нов спектар на бои кој е многу актуелен, па доминираат нијансите на мед и килибар.

Но, стојам зад тоа дека промената на бојата на косата, особено пред ваков важен ден, мора да се направи во консултација со професионалец, а не дома, на своја рака.

A во однос на фризурите препорачувам собрана коса и пуштени прамени.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-12.jpg

Каде грешат матурантките? Па, не знам дали може да згрешат, бидејќи, од една страна станува збор за моментална инспирација на девојките и тоа е основата за изгледот, а од друга страна, знам дека повеќето матурантки одат на професионална шминка и фризура.

Според мене единствена грешка е ако се претера.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-10.jpg

Според мене, самиот фустан е некогаш доволно раскошен, впечатлив и убав, па накитот треба само да го дополни изгледот. Истото се однесува и на шминката и фризурата.

И обратно, ако фустанот е едноставен, тогаш шминката и фризурата треба да се погламурозни за да се остави силен впечаток.

Опција е и уметничка (арт) шминка, само ако е нанесена со вкус и умерено.

ombre-usni-frizuri-vo-stilot-na-90-te-soveti-za-maturska-shminka-i-frizuri-od-daniel-nikolovski-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 фризури на кои им помина времето (а, притоа додаваат години) Симетричните фризури не се во тренд, па затоа ако имате боб-фризура, никако не т...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате) Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg