За бакнежи со вкус на чоколадо - Направете сами домашен сјај за усни

Ако сте љубител на чоколадото (а кој не е?), зошто не се обидете да направите самите дома сјај за усни кој ќе има вкус на вашето омилено чоколадо и ќе ги направи вашите усни сочни и сјајни?

za-baknezhi-so-vkus-na-chokolado-napravete-samite-domashen-sjaj-za-usni-01.jpg

Скоро секоја жена во својата торбичка со шминка има сјај за усни.

На пазарот може да се најдат стотици различни производи и затоа изборот на соодветен сјај може да ви е многу лесен, или пак претежок, ако не можете да се одлучите што сакате.

Но, ако сте љубител на чоколадото (а кој не е?), зошто не се обидете да направите самите дома сјај за усни кој ќе има вкус на вашето омилено чоколадо и кој ќе ги направи вашите усни сочни и блескави?

Потребни се само 20 минути за сами да го направите вашиот нов омилен сјај за усни.

za-baknezhi-so-vkus-na-chokolado-napravete-samite-domashen-sjaj-za-usni-02.jpg

Потребни состојки за подготовка на сјајот:

  • 1 лажица вазелин
  • 20-30g темно чоколадо 
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажичка рицинусово масло (можете да го замените со бадемово, кокосово или масло од невен)

za-baknezhi-so-vkus-na-chokolado-napravete-samite-domashen-sjaj-za-usni-06.jpg

Начин на подготовка:

1. Изрендајте го чоколадото и стопете го на пареа (или во микробранова печка).

2. Во растопеното чоколадо додадете вазелин, па дообро измешајте ја смесата.

za-baknezhi-so-vkus-na-chokolado-napravete-samite-domashen-sjaj-za-usni-03_copy.jpg

3. Додадете ги циметот и маслото од рицинус (или маслото што сте го избрале), па повторно добро измешајте.

4. Добиената смеса истурете ја во кутивче во кое ќе го чувате сјајот за усни (на пример празно пакување за сјај што сте го користеле претходно или пластично кутивче за козметика што може да го купите во парфимерија или продавница за козметика).

za-baknezhi-so-vkus-na-chokolado-napravete-samite-domashen-sjaj-za-usni-04.jpg

5. Ставете го во фрижидер да се излади. Дури и сјајот да е премногу течен кога ќе го претурате во кутивчето, тој ќе се стегне во фрижидерот.

6. Нанесувајте го на усните со прст или директно од кутивчето. Усните ќе имаат влажен сјај, поради рицинусовото масло во неговиот состав.

za-baknezhi-so-vkus-na-chokolado-napravete-samite-domashen-sjaj-za-usni-05.jpg

Забелешка: Сјајот треба да се чува во фрижидер, бидејќи природната козметика брзо се расипува. Но, тоа не значи дека не можете да го носите со себе, само вратете ја кутијата во фрижидер секоја вечер.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Трикови за шминкање со кои визуелно ќе го намалите високото чело Ако сакате да го одвлечете вниманието од вашето чело, тогаш најдобриот трик е да...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg