5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно)

Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото - шминкерите советуваат како визуелно да ги зголемите очите ако се ситни или со спуштени капаци.

5-soveti-kako-da-gi-nashminkate-sitnite-ochi-za-da-gi-zgolemite-vizuelno-01.jpg

Ситните очи и спуштените капаци се најтешки за шминкање. Најчесто жените прават грешка, па наместо да ги зголемат со шминката, прават тие да изгледаат уште помали.

Сепак, постојат техники за шминкање кои може да ги пробате, а кои визуелно ќе ви го зголемат окото.

Прочитајте ги 5-те трикови кои ги користат професионалните шминкери, а со кои му даваат поинаков (и визуелно поголем изглед) на малото око:

Средете ги веѓите

Тенките веѓи и веѓите во облик на полумесечина не се соодветни за жените со ситни очи, ниту за оние со спуштени капаци.

Затоа, шминкерите препорачуваат веѓите да имаат што е можно поприроден изглед.

Ако немате природно густи (и дебели) веѓи, можете да ги направите во некој од салоните за убавина.

А, ако имате природно погусти веѓи, престанете да ги кубете и кога ќе пораснат, со четкичка за веѓи чешлајте ги влакненцата нагоре, па фиксирајте ги со гел или восок.

Потоа со коректор осветлете го делот под очите за да му дадете визуелно поголем изглед на окото.

5-soveti-kako-da-gi-nashminkate-sitnite-ochi-za-da-gi-zgolemite-vizuelno-02.jpg

Осветлете, па затемнете

Оваа техника е одлична за малите очи (не се препорачува ако имате крупни очи), а идејата е да ги истакнете внатрешните агли на окото. Можете да користите коректор, светла сенка за очи или хајлајтер.

Потоа, со моливче или туш исцртајте линија на горниот капак која ќе ја кренете нагоре (во правец на веѓите) и на тој начин ќе ја нагласите надворешната страна на окото.

Оваа оптичка илузија (светла внатрешна страна на окото, а темна надворешна) ќе направи вашето ситно око да делува покрупно.

5-soveti-kako-da-gi-nashminkate-sitnite-ochi-za-da-gi-zgolemite-vizuelno-04.jpg

Светло моливче за очи

Ставете светло моливче за очи на долниот капак на окото.

Ако белата боја ви делува неприродно, тогаш изберете крем нијанса или светла нијанса на розова или праска, кои се „помеки“.

Ова особено се препорачува ако сте изморени, бидејќи дополнително визуелно ќе ги зголеми очите.

5-soveti-kako-da-gi-nashminkate-sitnite-ochi-za-da-gi-zgolemite-vizuelno-03.jpg

Тенка линија со ајлајнерот

Жените често грешат, па во обид да го нагласат окото кое е и онака ситно, цртаат дебела линија со тушот.

Но, ова дополнително го „намалува“ окото.

Следен пат кога ќе ставате туш на горниот капак, тоа нека биде тенка линија.

5-soveti-kako-da-gi-nashminkate-sitnite-ochi-za-da-gi-zgolemite-vizuelno-05.jpg

Не заборавајте да ставите маскара

Иако вештачките (или свилените) трепки изгледаат одлично сами по себе, кога имате ситни очи или спуштени капаци, неопходно е да им додадете и малку маскара, и тоа два слоја.

Ова ќе го „рашири“ окото и тоа визуелно ќе изгледа поголемо.

5-soveti-kako-da-gi-nashminkate-sitnite-ochi-za-da-gi-zgolemite-vizuelno-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg