Митови за нега на кожа што често се споделуваат на Инстаграм и ТикТок, според дерматолог

Витаминот Е не ги отстранува сите лузни, а пиењето вода нема да ви го реши проблемот со сува кожа. На кои митови за нега на кожа треба да заборавиме, според дерматолог од САД?

najgolemite-mitovi-za-nega-na-kozha-shto-se-spodeluvaat-na-instagram-i-tiktok-spored-dermatolog-01.jpg

Благодарение на бројните видеа за убавина на ТикТок и Инстаграм, слушаме секакви совети за нега на кожа.

Проблемот е што во голема мера, овие совети не се од дерматолози и стручни лица, што значи не сите се добри.

Свесна за бројните лоши совети за нега на кожа, Линдзи Зубритски, која е дерматолог од САД, на ТикТок споделува кои се најчестите митови за нега на кожата што ги гледаме на социјалните мрежи.

„Не сум сигурна каде почнаа лагите за негата на кожа, но како дерматолог, овде сум да ја откријам вистината“, вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by Lindsey Zubritsky, MD, FAAD (@dermguru)

Во продолжение, митовите што д-р Линдзи смета дека само ни штетат:

Мит 1: Пиењето многу вода ќе го реши проблемот со сува кожа

Д-р Линдзи истакнува дека пиењето многу вода нема да ви помогне со овој проблем.

„Да, пиењето вода е добро за целокупното здравје, но нема да ви ја среди сувата кожа и нема да ви го исчисти лицето од акни“.

Сувата кожа е причинета од разни внатрешни, но и надворешни фактори како животен стил, студено време и греењето во домот.

За да се справите со овој проблем, подобро е да користите кремови и продукти за таа намена.

Секако, никогаш нема да погрешите и ако се консултирате со дерматолог.

najgolemite-mitovi-za-nega-na-kozha-shto-se-spodeluvaat-na-instagram-i-tiktok-spored-dermatolog-02.jpg

Мит 2: Витаминот Е ги отстранува лузните

„Жал ми е, но нема истражувања што го потврдуваат ова“, вели д-р Линдзи.

Она што е познато е дека витаминот Е е антиоксидант кој го поттикнува заздравувањето на кожата.

Но, не значи дека продуктите со овој витамин ќе ви помогнат да се ослободите од сите лузни.

Во овој случај, секогаш е најдобро да одите на дерматолог.

najgolemite-mitovi-za-nega-na-kozha-shto-se-spodeluvaat-na-instagram-i-tiktok-spored-dermatolog-03.jpg

Мит 3: Нема потреба од крем со фактор

Кремот со фактор е неопходен во летните месеци. Но, многумина го прескокнуваат кога е постудено.

„Ова е мит што вистински ме нервира. Луѓето ми кажуваат дека не користеле крем со фактор бидејќи не излегувале. Многупати кога некој ќе дојде во мојата клиника и ќе ми го каже ова, го прашувам како стигнал до клиниката.

Дали го изнесовте кучето на прошетка? Дали сте излегле од дома за да фрлите ѓубре? Ако одговорот е да, тогаш треба да ставите крем со фактор“.

najgolemite-mitovi-za-nega-na-kozha-shto-se-spodeluvaat-na-instagram-i-tiktok-spored-dermatolog-04.jpg

Мит 4: Секој дел од телото секојдневно треба да се мие со сапун

Д-р Линдзи истакнува дека луѓето кои имаат проблеми со кожата, треба да размислат дали е во ред да користат сапун за секој дел од телото, секој ден.

„Ако имате многу сува кожа или егзема, користете сапун за одредени делови од телото како пазуви и гениталии“.

Односно, ако имате многу сува или иритирана кожа, подобро користете понежни шампони.

Истовремено, нема потреба секој ден да го миете целото тело со шампон или сапун ако имате проблематична кожа.

Со сапун измијте ги само деловите како пазуви и гениталии, а за остатокот е доволно и само вода ако имате навика да се туширате секој ден.

najgolemite-mitovi-za-nega-na-kozha-shto-se-spodeluvaat-na-instagram-i-tiktok-spored-dermatolog-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg