Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 недели“
Начин на исхрана
„Не внимавам на исхраната, му благодарам на Бога што секогаш сум си дозволувала сè што ќе посакам. Обожавам печива и колачиња.
Не можам да се врзам со некое омилено јадење, затоа што јас си уживам во секаква храна.
Знам да готвам сè, а тоа што не го знам, ако го следам рецептот, можам да го научам и не ми е никаква мака готвењето.
Во последниве години се откажав од месо, не поради некои вегетаријански тренд, туку се чувствувам подобро.
Но, моето девојче, пак, е голем љубител на месо и така кај нас дома секогаш има два ручеци.
Вежби и спортување
„Јас и спортот сме на Вие.
Не е дека не сум се обидувала, одев на бокс, пилатес, јога, во теретана, сум пробала сè и сешто.
Купувам опрема, трае две-три недели мојата нова спортска страст и потоа се извлекувам и не одам.
Се помирив дека не сум и никогаш нема да бидам некој спортски тип.
Мислам дека тоа што засега немам проблеми со тежината се должи на тоа што постојано сум во некакво движење и сакам да пешачам.
Најчесто со гласна музика на слушалки и тогаш пеам, се релаксирам и сум во мојот свет“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: Бојан Стоилковски, приватна архива