„Кои парфеми на ZARA мирисаат еднакво добро како оригиналите, а кои на евтин сапун?“

Кои парфеми се најблиску до оригиналите, а за кои не вреди да давате пари? Инфлуенсерка го споделува своето искрено мислење за тоа кои парфеми на ZARA се најблиску до скапите парфеми, а за кои не вреди да давате пари.

koi-parfemi-na-zara-mirisaat-ednakvo-dobro-kako-originalite-a-za-koi-ne-vredi-da-davate-pari-spored-influenserka-od-sad-01.jpg

Честопати се зборува за тоа колку некои инфлуенсери и личности се задоволни од парфемите на ZARA кои се замени за скапи. Една корисничка на ТикТок одлучи да даде искрено мислење за тоа кои парфеми вреди да се купат, а кои не.

Анита од Тексас е инфлуенсерка која често снима видеа посветени на нејзината колекција парфеми и го споделува своето мислење за тоа за кои навистина вреди да се потрошат пари, а за кои не.

Според неа, парфемот Golden Decade е добра копија на Yves Saint Laurent Libre и е одлична опција за сите оние што сакаат поевтина верзија.

koi-parfemi-na-zara-mirisaat-ednakvo-dobro-kako-originalite-a-za-koi-ne-vredi-da-davate-pari-02.jpg

Исто така, на Анита ѝ се допадна и парфемот Nocturnal Life, кој ја потсетува на скапиот парфем Angel’ Share на Kilian, но како што вели, само во првиот миг.

„Откако ќе се исуши, мириса на пластелин и мирисот на пита од јаболка брзо исчезнува“ – вели таа.

koi-parfemi-na-zara-mirisaat-ednakvo-dobro-kako-originalite-a-za-koi-ne-vredi-da-davate-pari-05.jpg

Според неа, најдобар парфем е Tobacco Collection, којшто не е замена за скап парфем, но има мирисни ноти на рум, божур и ванила.

koi-parfemi-na-zara-mirisaat-ednakvo-dobro-kako-originalite-a-za-koi-ne-vredi-da-davate-pari-04.jpg

Според неа, парфемот Freaking Gorgeus воопшто не е замена за скап парфем, туку мириса на евтин сапун.

koi-parfemi-na-zara-mirisaat-ednakvo-dobro-kako-originalite-a-za-koi-ne-vredi-da-davate-pari-03.jpg

За парфемите Cherry Smoothie и Peach Glow таа вели дека се премногу благи и нападни.

„Ова не е замена за Bitter Peach (горчлива праска), ниту за каква било праска што сум ја мириснала во животот“ – вели таа.

Погледнете го нејзиното видео во продолжение:

@ayyyyyeoh

Zara fragrance perfume and cologne dupes rundown. Zara really has been on our pockets but i walked away kinda unimpressed. Lmk your thoughts. <3

♬ original sound - Elsie Silver

Прочитајте и „Откако го користам парфемот од ZARA луѓето ме застануваат на улица за да ми дадат комплимент“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Парфеми од LIDL кои се замена за скапи дизајнерски мириси (и вреди да ги набавите) Кои парфеми во LIDL вреди да се пробаат и на кои скапи дизајнерски мириси се зам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg