„Откако го користам парфемот од ZARA луѓето ме застануваат на улица за да ми дадат комплимент“
- Детали
- понеделник, 03 април 2023
„Никогаш претходно не сум добила толку многу комплименти за парфемот што го носам, како што добивам откако почнав да користам еден од парфемите на ZARA“. Оваа девојка објави видео на ТикТок во кое споделува дека е пријатно изненадена од реакцијата на луѓето за нејзиниот парфем.
Кога станува збор за парфеми, голем број жени не сакаат да трошат богатство на нив, па затоа се одлучуваат да купат некој од парфемите на ZARA, коишто се продаваат по цени што се пристапни за сечиј џеб.
Притоа, мирисните ноти во голема мера потсетуваат на некои од светски познатите парфеми.
Една корисничка на ТикТок, која на социјалната мрежа се претставува како Надја, објави видео во кое вели дека е пријатно изненадена од реакцијата на луѓето за нејзиниот парфем од ZARA.
Таа открива дека во минатото трошела многу пари за парфеми, па сега е мошне изненадена затоа што луѓето ја застануваат за да ѝ дадат комплимент за парфемот на ZARA што го купила по пристапна цена.
„Во последните неколку недели добивам комплименти за парфемот што го носам каде и да одам. Влегувам во продавница, луѓето ме застануваат и ме прашуваат каков парфем носам.
Сум потрошила вистинско богатство на скапи, но и на евтини парфеми.
Но, Fashionably London на ZARA го чувам во автомобилот и прскам од него секојпат кога треба да одам некаде“ – открива таа.
@trulynazzz i have never been stopped so many times by people to ask what scent i’m wearing !! #perfume #scent #bestperfumes #GetCrackin
♬ original sound - nadia ♡
Надја вели дека е пријатно изненадена од бројот на комплименти што го добива за овој парфем, а во одговор на прашањата поставени во коментарите, тврди дека станува збор за мошне траен мирис и дека ѝ е доволно да прсне од него само пред да излезе од автомобилот.
Инаку, парфемите на ZARA во голема мера потсетуваат на мирисните ноти на некои од парфемите на светски познатите модни куќи, а Fashionably London има сличен мирис со Delina на Parfums de Marly.
Прочитајте и 12 женски парфеми од ZARA што се копии на познати скапи мириси - кој ви е омилен? (фото)
Б. С. Б. | Црнобело