Предупредувачки знаци дека сте отишле кај непрофесионален техничар за нокти
Одбива да ги поправи грешките и штеди на материјали – знаци дека е најдобро да одите кај друг техничар за нокти.
Покрај многуте професионалци кои беспрекорно си ја вршат работата, за жал, постојат и техничари за нокти кои ќе ви земат пари за ужасен маникир.
Како да познаете дали сте отишле кај непрофесионален техничар за нокти?
Не носи маска и ракавици
Професионалните техничари за нокти секогаш носат маска и ракавици кога работат.
Во текот на денот тие се во контакт со многу луѓе, па на овој начин се штитат самите, но ги штитат и нивните клиенти.
Наплаќаат екстра за отстранување на вашиот лак без да ви кажат однапред
Генерално, отстранувањето на лакот од ноктите пред да ви направат маникир е вклучено во цената.
Сепак, доколку техничарот за нокти сака дополнително да ја наплати оваа услуга, треба однапред да им каже на своите клиенти.
Штеди на материјали
За ноктите да бидат изработени квалитетно, постои одредена количина продукти кои треба да се искористат.
Професионалците го знаат ова и никогаш не штедат на продукти.