Предупредувачки знаци дека сте отишле кај непрофесионален техничар за нокти
Техничарката за нокти има лош маникир
Ова не значи дека техничарката за нокти мора да има лакирани или гелни нокти.
Туку, препорачливо е да ѝ бидат средени.
Доколку таа не може да ги среди своите нокти, тогаш немате гаранција дека ќе ги среди вашите како што треба.
Остава да го носите истиот гел многу долго
Професионалните техничари за нокти знаат дека е препорачливо да го сменат целиот гел на ноктите по одреден период.
Во спротивно, тој може да ги оштети ноктите, а под него да се соберат бактерии.
Квалитетно направените гелни нокти можат да траат околу три недели. По ова, треба да се замени целиот гел.
Постојано критикуваат други техничари за нокти
Ако професионален техничар забележи дека имате лошо направен маникир, само ќе ве советува и ќе ви каже што не е во ред.
Но, доколку техничарот за нокти без навидум никаква причина ги критикува другите козметичари, веројатно самиот не е задоволен од себе.
Одбива да ги поправи грешките
Дури и на најискусните професионалци им се случува да направат грешка, и ова е сосема нормално.
Но, бидејќи се професионалци, тие без двоумење ќе ја поправат грешката и нема да ви наплатат за тоа.
Ако техничарот за нокти одбива да ја поправи грешката, па дури и негира дека згрешил, подобро одете кај некој друг.
Спирова С. | Црнобело