5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци

Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелева од потемни тонови кон посветли и ќе заврши со млечно бела нијанса.

kul-idei-za-sin-manikir-idealen-za-studenite-zimski-meseci-01.jpg

Многу жени ја обожаваат сината боја, а сепак ретко решаваат да направат син маникир.

Но, сината боја на ноктите е идеална за студените зимски месеци, особено ако креацијата на самиот маникир визуелно потсетува на снег, ветер или студ.

Каков маникир во сина боја е совршен за во зима?

Син мермер

Неколку сини нијанси кои се претопуваат една со друга, во комбинација со бел и црн лак создаваат илузија на студен мермер.

Секако, сите нокти не треба (или не мора) да ви бидат исцртани во овој стил - доволно е 2-3 да бидат шарени, а останатите да бидат во светло сина боја за да го добиете посакуваниот ефект.

kul-idei-za-sin-manikir-idealen-za-studenite-zimski-meseci-02.jpg

Син француски маникир

Класичниот француски маникир никогаш не излегува од мода.

Но, оваа сезона можете да му дадете малку поинаков изглед, ако го комбинирате со нежна нијанса на сината боја.

За уште поголем ефект можете да ставите и циркони на неколку нокти.

kul-idei-za-sin-manikir-idealen-za-studenite-zimski-meseci-03.jpg

„Тетовирани“ нокти

Изберете нежно сина нијанса за ноктите, а потоа на нив испишете порака од еден збор (кој ќе го разложите на ноктите).

kul-idei-za-sin-manikir-idealen-za-studenite-zimski-meseci-04.jpg

Сина боја што се прелева

Хит оваа сезона е и сината боја што ќе се прелева од потемни тонови кон посветли, и ќе заврши со млечно бела нијанса.

kul-idei-za-sin-manikir-idealen-za-studenite-zimski-meseci-05.jpg

Маникир со сини детали

Основата на ноктите нека ви биде во млечно бела боја, а потоа на секој нокт направете различна шара со сина боја.

За повпечатлив ефект, сината боја одвојте ја од белата основа со сребрени неправилни линии.

kul-idei-za-sin-manikir-idealen-za-studenite-zimski-meseci-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg