Видео интервју со Марија Танчева: Како е да се биде... техничар за нокти

Колку Македонките се грижат за своите нокти, но и колку се заработува од оваа професија? Марија Танчева на гости во CRNOBELO.com...

video-intervju-so-marija-tancheva-kako-e-da-se-bide-tehnichar-za-nokti-01.JPG

Марија Танчева (23) сосема случајно станала техничар за нокти, откако нејзиното изострено око постојано пронаоѓало мани во начинот на кој неа ѝ ги изработувале ноктите.  Таа веќе 5 години се занимава со оваа професија.

Смета дека средените нокти многу кажуваат за карактерот на човекот и открива дека е многу среќна што Македонките навистина обрнуваат внимание на изгледот и навиките за убавина.

video-intervju-so-marija-tancheva-kako-e-da-se-bide-tehnichar-za-nokti-03.jpg

Инаку има дипломирано турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет. Дел е и од еден тим кој организира младинска размена и поради ова хоби често патува во Шпанија и Турција.

video-intervju-so-marija-tancheva-kako-e-da-se-bide-tehnichar-za-nokti-02.JPG

Марија беше гостин во редакцијата на CRNOBELO.com и ни откри како изгледа нејзиниот работен ден и кои се позитивните и негативните страни на професијата техничар за нокти.

Погледнете го видео интервјуто со Марија Танчева:

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg