Најдоброто свадбено видео: Невеста лудо танцува со татко ѝ на „Teach Me How to Dougie“
„Причина број 1838329194920 зошто го сакам татко ми“, напиша 30-годишната невеста од Калифорнија во описот на видеото.
Британи Ревел (30) од Калифорнија стана вирален хит со видеото на кое облечена во невестински фустан и патики на својот голем ден танцува со татко ѝ на песната „Teach Me How to Dougie“.
Енергични, ведри и одлично синхронизирани, тие се вистинска позитива.
„Причина број 1838329194920 зошто го сакам татко ми“, напиша Британи во описот на видеото.
Нејзиниот татко Кели (63) е пензионер, на кој дефинитивно танцот му е силна страна.
„Мислам дека со татко ми имаме слични карактери, само јас му помогнав малку да излезе од комфор зоната и да се забавува повеќе“, изјави Британи.
Ова не е прво танцувачко вирално видео од прекрасните татко и ќерка.
Погледнете го танцот што ќе ви измами насмевка на лицето:
@bnrevell Can’t even explain how fun it was teaching my dad my go-to moves from middle school. ? #fatherdaughterdance #weddingtok #yougotserved #iykyk ♬ original sound - Brittany Revell
С. С. | Црнобело