Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата

Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бракот на партнерите. На пример, паровите кои се венчале на 16-ти, се верува дека се многу поврзани меѓусебно.

datum-vencavka-01.jpg

Според нумерологијата, броевите имаат големо влијание врз нашиот живот. На пример, се верува дека датумот на венчавката може да открие каков ќе биде бракот.

Доколку сте се одлучиле да се венчате на некој од датумите меѓу 16-ти и 22-ри во месецот се верува дека ќе имате голема среќа во бракот.

Што открива датумот на венчавката за бракот?

16-ти

Доколку датумот на вашата венчавка е на 16-ти, тоа значи дека вие сте многу поврзани меѓу себе, но не претерувате со покажување на чувствата.

Иако понекогаш треба повеќе да разговарате за чувствата, сепак бракот случен на овој ден се верува дека се темели врз цврста љубов, а партнерите се најголема потпора еден на друг.

17-ти

Вашиот брачен живот е без никакви пречки. И двајцата сте експерти за решавање на вашите конфликти. Ништо не е толку моќно колку вашата љубов.

Во текот на брачниот живот можно е да се појават некои помали конфликти, но сепак со добра комуникација ќе успеат да се решат сите проблеми.

datum-na-vencavka-02.jpg

18-ти

Доколку сте се венчале на 18-ти, се верува дека трета личност ќе има влијание врз вашиот брак. Сепак, се работи за блиска личност која секогаш се труди да ви помогне и да ви укаже на грешките.

Брачниот пар кој се венчал на овој датум, се верува дека ќе остане во хармоничен брак токму поради балансот помеѓу љубовниот живот и љубовта кон оваа трета личност, која најчесто е еден од родителите.

19-ти

Вие сте двојка водена од решителност. Партнерите секогаш си даваат неизмерна поддршка еден на друг и токму тоа им помага да се соочат со предизвиците на животот заедно и силно. Парот кој склучил брак на 19-ти во месецот оди низ животот минувајќи ги сите пречки.

Фактот што ја имате вашата сродна душа со вас и покрај себе ви ја дава сета сила што ви е потребна за да се соочите со пречките во животот.

Изградена врз темелите на љубовта, довербата и почитта вашата врска е ретка во денешниот свет. Среќни сте еден покрај друг, а партнерот го сакате исто како и првиот ден.

datum-na-vencavka-03.jpg

20-ти

Ако сте се венчале на 20-ти, тоа значи дека вас ве поврзува довербата и љубовта.

Почитта меѓу вас исто така е она што ве прави посилни. Знаете кога е вистинскиот момент дадете простор на вашиот партнер и кога да ги решите неговите проблеми со сета љубов што ја имате кон него.

21-ви

Венчавката на 21 во месецот покажува дека сте среќен пар. Имате просперитетно семејство, а благодарение на сплотеноста, можете да ја исполните секоја ваша желба и тоа ги одржува смиреноста и задоволството во вашиот живот.

Поради тоа што знаете како да ја покажете вашата љубов кон партнерот, многумина ви завидуваат на среќата.

Имате хармоничен и среќен брачен живот кој се темели на доверба и разбирање.

daum-na-vencavka-04.jpg

22-ри

Доколку сте стапиле во брак на 22-ри, тоа значи дека имате мирен и хармоничен брак. Вие двајца можете да се согласувате еден со друг речиси за сè.

Едноставно сте создадени еден за друг бидејќи и двајцата ги сакате истите работи од животот. Тука многу ретко се случуваат конфликтни ситуации, а во овој брак лагите не постојат.

Довербата, љубовта и компромисот ве поврзуваат и затоа имате совршен брак.

В. К. | Црнобело / фото: pexels.com 

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg