Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет
Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични модели на фустани кои ќе ги привлечат туѓите погледи, а и ќе бидат тренд за пролет 2024 година.
Секоја невеста сака да се чувствува посебно и исполнето на денот на нејзината венчавка.
Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични модели на фустани кои ќе им ги покријат недостатоците, а се хит за пролет 2024.
Неколку тренд идеи на венчаници кои може да ви служат како инспирација:
Венчаница од тантела со долги ракави
Овој фустан е декориран со смели цветни апликации и светкав тул, давајќи му на целиот фустан романтичен сјај кој е погоден за современа бајка.
Фустан кој ги нагласува облините
Овој фустан со спуштени прерамки и V-деколте е елегантно украсен со тул и цветчиња, а отворениот грб дава дополнителна елеганција.
Тоалета во А-крој
Деколтето е декорирано со апликации од тантела, инспирирани од цветчиња, а самиот облик на фустанот ќе ви овозможи слободно движење без напор.
Фустан за бохо-романтични невести
Овој фустан има големи апликации и слоеви од тул, а е во облик на А линија, со смело деколте.
М. Ѓ | Црнобело