Маж со Алцхајмер кој ја заборавил сопругата повторно се вљубил во неа и направиле уште една свадба

Поради Алцхајмерот, овој 56-годишен маж ги загубил сеќавањата за неговата сопруга Лиса, со која бил во брак веќе 12 години. Со текот на годините, Лиса која постојано се грижи за него, повторно станала неговата омилена личност, а тој повторно ја побарал за жена и се оженил со неа.

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-01.jpg

Лиса и Питер се од Конектикат, а таа е негова негувателка и се грижи за него поради тешката болест. Но, и покрај тоа што тој понекогаш не може да се сети на нејзиното име и ја вика само Тарт (англ. пита), сепак знае дека сè уште ја сака.

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-02 (1).jpg

Додека гледале свадба на телевизија во текот на минатата година, Питер сакал да ја побара Лиса за жена, без да биде свесен дека тој веќе е во брак со неа. Лиса вели дека тој имал момент на просветлување па ѝ рекол: „Ајде да го направиме тоа!“

„Го прашав ’Што да направиме?‘ и тој покажа кон телевизорот на сцената со венчавката, а јас го прашав: ’Сакаш да се венчаме?‘ Тој рече ’да‘ и се насмевна. Тој не знае дека сум му сопруга. Јас сум само неговата омилена личност“ – вели Лиса.

Така, Питер по вторпат се вљубил во својата сопруга и по вторпат ја побарал за жена, а таа повторно прифатила и уште еднаш стапиле во брак со церемонија организирана од страна на ќерката на Лиса.

„Јас сум најсреќна жена во светот. Го направив тоа двапати. Беше совршено. Не можев да сонувам за поубав ден. Беше волшебно. Не се сеќавам дека сум го видела толку среќен многу одамна. Беше многу среќен“ – вели Лиса.

Лиса во пост на блогот Being Patient пишува дека Питер бил дијагностициран со ран Алцхајмер во 2018-тата година, или кога имал само 53 години.

Појаснува дека неговите ментални способности се влошени, така што повеќе не се препознава ниту себеси кога ќе се види во огледало, затоа што за себе верува дека е во 20-тите години од животот.

Лиса вели дека тој не можел да се сети на деталите од нивната прва свадба што пред 12 години се одржала на плажа на островите Туркс и Кајкос, иако претходно нашол фотографии.

Болеста на Питер напреднала мошне бргу, па тој веќе не се сеќава ниту на церемонијата што се случила пред неколку месеци. Но, Лиса вели дека овој гест ѝ значи многу, а за нивната врска вели дека е „најволшебната љубовна приказна што некогаш ќе ја слушнете“.

Во продолжение повеќе фотографии од венчавката на Питер и Лиса:

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-04.jpg

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-05.jpg

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-06.jpg

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-07.jpg

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-08.jpg

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-09.jpg

Maz-so-Alchajmer-se-ozenil-po-vtorpat-so-soprugata-otkako-povtorno-se-vljubil-vo-nea-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg