Како изгледаат 5-те најгламурозни свадби на светот?
Она што за повеќето партнери претставува буџет за целата свадба, за некои едвај ја достигнува вредноста на смокингот за младоженецот.
Просечната Австралиска свадба е во вредност од 65.000 долари, но некои парови целосно го надминуваат овој буџет.
Еден милион долари вредни цветови, два дизајнерски фустани, торти доволно големи за да им бидат потребни скалила за сечење и уште многу други работи се карактеристички за свадбите на оние побогатите кои се одлучуваат меѓусебно да се натпреваруваат во количината на потрошени пари.
Од холивудски старлети до Азиски тајкуни. Тоа се само дел од оние кои не се плашат да потрошат повеќе и како што мега богатите се обидуваат да се натпреваруваат, нивните барања стануваат се поегзотични и несекојдневни. Од мајмуни кои ќе ги носат прстените и слончиња на рецепцијата, до фустани кои тежат дури 30 килограми.
Два дизајнерски фустани за нив се нормално барање. Еден австралиски дизајнер вели дека познава невеста која за најважниот дел од нејзиниот живот имала дури 5 Elie Saab фустани од кои можела да избира.
Една цвеќарка вели дека за свадбата на едно Виетнамско кралско семејство добила дури 1 милион долари за цвеќињата кои ја украсувале свадбата.
Ова се 5 од најгламурозните свадби на светот:
1. Али и Лана, Бејрут
Двојката ги кажала своите завети во куќата на родителите на Лана во Јужен Лебан пред да се појават на својата рецепција каде примиле повеќе од 1000 гости.
Целата просторија била исполнета со бели орхидеи на сите четири страни и плазма светилки кои целата свадба ја претвориле во една романтична приказна.
Централно во просторијата била сместена една од најголемите торти направена од цели 7 ката.
2. Ларина и Бен, Њујорк
Одржана во една од поголемите простории во Њујорк и исполнета со прекрасни слики, ексклузивни ѕидни украси и лустери, на оваа свадба присуствувале 170 од најблиските гости на овој екстравагантен пар.
Невестата била придружувана од десет деверуши.
Целата просторија покрај елегантните слики на ѕидовите била исполнета и со прекрасни светло розови и бели рози.
Останатите 3 свадби се на следната страна...