Како изгледаат 5-те најгламурозни свадби на светот?
3. Сенди и Род, Сиднеј
Овој пар го изнајмил најпознатиот Австралиски стилист Џејсон Џејмс за да им го овозможи најспектакуларниот креативен дизајн на просторијата. Одржана во Универзитетот во Сиднеј, рецепцијата била декорирана со долги 12 метри структури кои се наоѓале над масите и биле сочинети од егзотични цветови и рози во портокалови и црвени нијанси.
Масивните дрва правеле една мини прашума под која рачно напишаните имиња биле залепени за круши.
Свадбената торта била составена од 3 различни делови сите рачно подготвени и обоени во златна боја и исполнети со цветни и листни геометриски фигури.
4. Надја и Сем, Беверли Хилс
Младата Надја го пронашла својот принц во Калифорнија и имале свадба од соништата.
Свадбата била одржана во градините на Грејстоун палатата и продолжила со прием кој бил одржан на покривот на еден од најпознатите хотели во Холивуд, The London.
Омиленото цвеќе на невестата се божурите, но кога се одржувала свадбата не биле расцутени па нивната цвеќарка нарачала илјадници божури дури од Холандија.
Тортата била во арт деко стил со прекрасни златни нијанси.
5. Британи и Џастин, Езерото Комо
Приватна забава во Италија на која можело да се пристигне само по брод.
Парот одржал тридневна свадба во која гостите имале можност за дегустација на паста.