Првите манифестации на говорот кај децата е кога тие викаат односно испуштаат звуци. Кога малку ќе пораснат, тие почнуваат да ги изговараат наједноставните комбинации на гласови и зборови (на пример, „мама“, „баба” „тата“, итн.). Следното достигнување во развојот на говорот на детето е неговата способност да прави едноставни реченици од зборови. Но, кога да се очекува од детето ова или она достигнување во развојот на говорот, открива логопедот Симона Василеска Николовска.