7 големи грешки кои родителите често ги прават
-->
Константно штитење на детето од настинки. Спречување на детето да контактира со домашни миленици.
Во образовниот систем учиме многу работи, но не и како да бидеме добри родители.
-->
Младите парови немаат идеја како да се постават и како да се однесуваат кон детето, но и покрај тоа нема потреба секогаш да ги слушаат советите од постарите тетки затоа што многу пати тие се бесмислени.
Најчести родителски грешки:
Константно штитење на вашето дете од настинка, кога нормално е понекогаш детето да се соочи со настинка – на тој начин се формира неговиот имун систем.
Не обрнување внимание дали детето го ставило ременот во автомобилот правилно – не само дали е врзано, туку и како е врзано.
Лошо и длабоко сечење на ноктите, кое може да доведе до растење во кожа и подоцнежно гноење и проблеми.
-->
-->
Оставање на детето предолго време во транспортер – ова не е добро за бебето кое уште нема оформено силни мускули на вратот, па така по 2-часовно патување бебето треба да биде ставено на креветче или да се направи пауза.
-->
Присилување на вашето дете да јаде – во ред е да оставите детето да огладне понекогаш и само да побара храна.
Спречување на контактот со животни поради страв од бактерии. А всушност контактот со милениците го подобрува имунитетот на детето.
-->
Подигнување и вртење на детето држејќи го само за рацете- ова е неприфатливо затоа што лигаментите на малите деца се слаби и може да дојде до истегнување или повреда на зглобовите.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца
Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме...
Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Психолошки грешки на родителите, заради кои децата стануваат „нарциси“, низ илустрации
Дали родителите се виновни што некои деца прераснуваат во нарцисоидни личности? ...
Грешки во воспитувањето што ги прават модерните родители
„Ги потценуваат. Децата на 9 или 10 години се многу попаметни отколку што луѓето...
Грешки што треба да ги избегнувате ако сакате вашите деца да бидат одговорни личности
Го штитите од сите предизвици и му ја критикувате интелигенцијата – кои грешки т...