Грешки што треба да ги избегнувате ако сакате вашите деца да бидат одговорни личности

Го штитите од сите предизвици и му ја критикувате интелигенцијата – кои грешки треба да ги избегнете ако сакате вашето дете да порасне во одговорна и независна личност?

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-vashite-deca-da-bidat-odgovorni-lichnosti-01.jpg

Сите родители прават грешки кога станува збор за воспитување на нивните деца.

Но, некои грешки можат да имаат навистина сериозни последици во понатамошниот развој, па и целиот живот на детето.

Ова се грешки што му ја намалуваат самодовербата или го разгалуваат.

Грешки што треба да ги избегнувате ако сакате вашето дете да биде одговорна и независна личност:

Го штитите детето од сите предизвици и проблеми

Нормално е да сакате да му помогнете на детето кога се соочува со проблем, но некои работи треба да ги решава и само.

Ако вие му ги решавате сите проблеми и ако го штитите од сите предизвици, не му правите никаква услуга.

Напротив, го учите да биде зависно од вас или од некој друг.

Поради ова, кога ќе порасне, нема да знае само да се справи со животните проблеми.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-vashite-deca-da-bidat-odgovorni-lichnosti-02.jpg

Не дозволувате да почувствува негативна емоција

Кога се мали, децата не знаат да одредат што е правилно, а што не или што смеат, а што не смеат.

Па, задачата на родителите е да ги научат на тоа.

И, додека учат, нормално е децата да искусат и лоши емоции, па и да плачат кога, на пример, нема да им купите играчка.

Ако им ја удоволувате секоја желба на децата, само ги разгалувате.

Потоа, како возрасни, ќе мислат дека треба да добијат сè што ќе побараат, а ова ќе им биде сериозен проблем во односот со другите.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-vashite-deca-da-bidat-odgovorni-lichnosti-03.jpg

Ја критикувате интелигенцијата на детето

Секој сака неговото дете да биде најдобро во одделението, но факт е дека не сите деца се способни за тоа. И, ова е сосема во ред.

Не може сите деца да се добри во математика или да имаат талент за цртање.

Некои деца ќе имаат тешкотии со одредени предмети и ако вашето дете е во ваква ситуација, не треба да го критикувате.

Никако не треба да го нарекувате мрзливо, глупаво или што било слично.

Наместо тоа, мотивирајте го да учи и да го даде најдоброто од себе. И, бидете реалистични за неговиот потенцијал.

Ако, пак, вашето дете има сериозни проблеми на училиште, секогаш е добро да се консултирате со експерт.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-vashite-deca-da-bidat-odgovorni-lichnosti-04.jpg

Го запоставувате или потценувате потенцијалот на вашето дете

Некогаш родителите пробуваат да ги исполнат своите неостварени соништа преку нивните деца.

На пример, ги тераат да се запишат на факултет кои тие самите не го завршиле.

Ова е погрешен пристап доколку детето има други желби и таленти.

Кога ќе забележите дека вашето дете покажува страст и желба за нешто, немојте да го игнорирате тоа, туку помогнете му да го достигне својот потенцијал.

Ако детето не добива поддршка од вас, само ќе чувствува фрустрација и можно е да го залади односот со вас кога ќе порасне.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-vashite-deca-da-bidat-odgovorni-lichnosti-05_copy.jpg

Не ги почитувате вашите правила

Кога сакате да го научите детето на нешто, учете го со пример.

Ако, на пример, со партнерот се расправате пред детето и се навредувате, очекувајте го тоа однесување и од него, без разлика што ќе му го забраните.

Притоа, немојте постојано да ги менувате правилата во домот бидеќи детето нема да знае кога да ви верува.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-vashite-deca-da-bidat-odgovorni-lichnosti-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg