Отстапки во развојот на вашето дете: Зошто е важна раната интервенција?

Развојот на секое дете зависи од самото дете. Секое дете се развива на свој единствен и карактеристичен за него начин.

otstapki-vo-razvojot-na-vasheto-dete-zoshto-e-vazhna-ranata-intervencija01.jpg

Од една страна имаме деца кои рано почнале со џвакање на храната, рано прооделе и прозбореле, се стекнале со разни вештини, додека од другата страна ги имаме дечињата кај кои овој развоен процес е одложен.

Родителот е тој кој прв ги забележува отстапувањата кај своето дете. Ако забележите било какви развојни отстапувања кај Вашето дете, потребно е да се обратите кај неговиот педијатар, логопед, дефектолог, итн.

Раната интервенција опфаќа интервенција кај дечиња помали од 3 години. Периодот во кој мозочето е нај “пластично”, односно време во кое мозокот најлесно се адаптира на промени.

Раната интервенција е индивидуална за секое дете и семејство, и пристапот зависи од потребите на детето и приоритетите на семејството.

Она што е важно да се знае, е дека колку порано се отпочне со стручна помош, толку подобро.

otstapki-vo-razvojot-na-vasheto-dete-zoshto-e-vazhna-ranata-intervencija01_1.jpg

Доколку забележите отстапувања кај детето во:

- Когнитивниот развој

- Говорниот развој

- Социо – емотивниот развој

- Моторичкиот развој

- Сензорните вештини

Обратете се кај педијатарот на детето, потоа консултирајте се со некој специјалист во областа од која Ви е потребна помош.

Порано се сметаше дека е нормално децата да не зборуваат до 3 – тата или 4 – тата година од животот, па родителите го прескокнуваа оној значаен развоен период и пластичност на мозокот на детето за постигнување на посакуваните резултати и достигнување на нивото на врсниците.

Денес е поинаку, ние терапевтите инсистираме на тоа навремено да се детектираат доцнењата во развојот на вештините кај децата, како би можело навремено да се отпочне со соодветен пристап од стручни лица.

Не чекајте, реагирајте!

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите и контактирате на Инстаграм. 

Прочитајте и: До која возраст детето треба да знае да ги каже гласовите „Р“ и „Л“?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg