Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание?

Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи треба да му дозволите на детето да ги тестира своите вештини. Доволно е да бидете во негова близина за да не се повреди. Дозволете му да ги истражува сите можни движења и не плашете се од мал пад.

prooduvanje-kaj-deteto-koga-se-sluchuva-kako-da-go-ohrabrite-i-na-koi-znaci-da-obrnete-posebno-vnimanie-01.jpg

Првите чекори се навистина возбудливи, како за детето, така и за родителите. Но, не е секое дете исто, па затоа не треба да се споредува со другите ниту, пак, да се форсира. Овој процес најчесто се случува од 10 до 18 месеци, а повеќето деца проодуваат околу првиот роденден.

Пред да ги направи првите чекори, детето поминува низ одредени фази. Најпрво, учи да ползи (иако не е секогаш правило дека ќе се случи оваа фаза). Потоа преминува од позиција на ползење во седечка, и обратно.

Се подигнува на колена, па од клекната положба, со придружување, прави чекор со едната нога. Така зазема исправена положба и стои самостојно.

Доколку бебето доцни со некоја од овие фази, најверојатно ќе доцни и со одењето. Секоја од овие фази е важна, бидејќи со тоа детето ги зајакнува мускулите и зглобовите.

Не ставајте го принудно во некои позиции за кои неговото тело сè уште не е подготвено.

Имајте предвид дека детето ќе прооди кога ќе биде навистина спремно за тоа, затоа што одењето е многу сложена моторна активност која секое дете ја совладува со свое темпо.

prooduvanje-kaj-deteto-koga-se-sluchuva-kako-da-go-ohrabrite-i-na-koi-znaci-da-obrnete-posebno-vnimanie-02.jpg

Како да го охрабрите детето да оди?

Одењето ќе започне кога бебето ќе се чувствува удобно на своите нозе.

Како што споменавме и претходно, не треба да го форсирате, но доколку покажува знаци дека сака самостојно да стои или да оди, вие може да го охрабрите.

Така, може да измислувате игри и да го поттикнувате да игра во стоечка положба. На пример, дајте му на детето играчки да држи и во двете раце додека стои.

Откако ќе процените дека доволно стабилно стои, тогаш може да започнете да го охрабрувате да презема индивидуални чекори на кратки растојанија, како на пример да ве прегрне вас, да го допре столчето…

За поддршка во раните фази на проодување, држете го бебето на ребрата (не за рацете) за да ја поттикнете употребата на мускулите на стомакот.

prooduvanje-kaj-deteto-koga-se-sluchuva-kako-da-go-ohrabrite-i-na-koi-znaci-da-obrnete-posebno-vnimanie-03.jpg

Дали треба да се плашите дека детето ќе падне?

Одењето се учи преку обиди и грешки. Иако, нормално, ќе се исплашите кога детето ќе падне, добро би било да не му ги покажувате јасно вашите емоции.

Штом детето ќе научи да паѓа, тогаш неговите први чекори ќе поминат со многу помалку страв.

Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ исто така се непотребни, бидејќи треба да му дозволите на детето да ги тестира своите вештини.

Доволно е да бидете во негова близина за да не се повреди. Дозволете му да ги истражува сите можни движења и не плашете се од мал пад.

За да го заштитите детето, најдобро е да ги отстраните сите тврди или остри предмети во негова близина и бидете покрај него додека истражува.

Кога ќе падне, поттикнете го со позитивен глас, при што наредниот пат кога ќе се потруди да направи нов чекор, нема да биде исплашено.

prooduvanje-kaj-deteto-koga-se-sluchuva-kako-da-go-ohrabrite-i-na-koi-znaci-da-obrnete-posebno-vnimanie-04.jpg

Знаци на кои треба да обрнете посебно внимание

Кога детето ќе стигне до фазата на проодување, а вие забележите некои од следниве знаци, задолжително контактирајте го вашиот педијатар:

  • Воопшто не сака да оди
  • Има вкочанети нозе
  • Не е во можност самостојно да стои на нозе
  • Рацете ги држи наназад
  • Има тешкотии со кревање на вратот или исправување на грбот
  • Честопати паѓа и нема рамнотежа
  • Оди на прсти долго време и тоа не се променува

prooduvanje-kaj-deteto-koga-se-sluchuva-kako-da-go-ohrabrite-i-na-koi-znaci-da-obrnete-posebno-vnimanie-05.jpg

Секако, не заборавајте дека проодувањето е долг процес за кое треба време и трпение, но ако имате нешто што ве загрижува, не двоумете се и веднаш побарајте стручна помош.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg