„Можете ли да го тргнете од сликава синот од првиот брак на маж ми?“
Некои луѓе едноставно се без емоции, а оваа жена е една од нив. Ужасен потег кон посинокот ја направи мета на онлајн критики.
Да се биде со човек кој веќе има дете од претходна врска или брак е специфична работа, но ако веќе се нафатите на тоа, тогаш тоа дете треба да го гледате како свое. За жал, не е секогаш така.
Една мајка се соочи со низа онлјан критки откако на една Фејсбук група се појави нејзината желба да го отстрани нејзиниот посинок од фотографијата, а на семејната фотографија да останат само таа, сопругот и нивните две заеднички деца.
Мајката го испратила барањето до фотостудиото што ѝ ја правело фотосесијата, а пак одговорните од фотостудиото го прифатиле барањето и во група на Фејсбук дале оглас кој може да го стори тоа.
Има и „принтскрин“ од Фејсбук профилот на жената на кој стои фотографија без посинокот.
Навистина тажно и невкусно, зарем не?
Некои луѓе едноставно немаат емоции, a коментарите кон неа беа навистина остри. Еден од нив гласеше: „Ова е ужасно. Но, сум видела и друг пат нешто слично. Ако го правиш ова, тогаш не заслужуваш ниту едно од децата. Твојот потег е себичен и ужасен.“
Како изгледала дописката:
С. С. | Црнобело