Психолошки трикови што може да ви ја спасат врската или бракот (низ илустрации)

Не го обвинувајте партнерот и не избрзувајте со заклучоци. Кога се расправате, решавајте го само тековниот проблем, а не сите одеднаш. Кои психолошки трикови може да ви ја спасат врската?

psiholoshki-trikovi-shto-mozhe-da-vi-ja-spasat-vrskata-ili-brakot-niz-ilustracii-01.jpg

Добрата комуникација е мошне важна за секоја врска. Но, понекогаш токму ситните детали одредуваат дали некоја расправија за бесмислени работи ќе се претвори во жестока кавга или ќе успеете да направите промени.

Во продолжение погледнете 10 психолошки трикови како да не дозволите една мала расправија да ви ја уништи врската и да наоѓате компромис за сите проблеми.

Решавајте само по еден проблем

Често се случува кај паровите, малата кавга за ситници да прерасне во долга расправија во која ќе се изнесат сите грешки и маани на партнерот што не ви се допаѓаат.

На овој начин, го збунувате партнерот, кој не знае дали му се лутите за тоа што го направил сега, или, пак за сите грешки одеднаш, а изнесувањето „докази“ само прави да се чувствувате уште повознемирени и гневни.

Затоа потребно е да се потрудите да останете фокусирани само на тековниот проблем. Прегризете јазик и не ги изнесувајте сите проблеми од минатото, за кои и онака сте молчеле. Ако партнерот почне да патува со темите, обидете се да го вратите на тоа за што сте разговарале.

psiholoshki-trikovi-shto-mozhe-da-vi-ja-spasat-vrskata-ili-brakot-niz-ilustracii-02_copy.jpg

Избегнувајте постојано да ги повторувате истите работи

Ако постојано ги повторувате истите работи, партнерот ќе научи како да ве „исклучи“ и воопшто да не ве слуша, а вие ќе се чувствувате фрустрирани.

Обидете се проблемите да ги решавате секојдневно и не дозволувајте гневот да надвладее со вас.

psiholoshki-trikovi-shto-mozhe-da-vi-ja-spasat-vrskata-ili-brakot-niz-ilustracii-03.jpg

Не го обвинувајте партнерот

Обидете се да ги пребирате зборовите кога сакате нешто да му кажете на партнерот и не го осудувајте. Понекогаш дури и ако имате најдобри намери, употребата на зборовите како „добро“ или „лошо“ може да звучи како осуда.

Затоа потрудете се да нагласите дека имате поинакво мислење, или дека од ваша перспектива работите се поинакви.

psiholoshki-trikovi-shto-mozhe-da-vi-ja-spasat-vrskata-ili-brakot-niz-ilustracii-04.jpg

Потрудете се да се смирите пред да разговарате со партнерот

Кога сте гневни, нема да решите ништо и може да донесете одлуки за кои подоцна ќе се каете.

Обидете се да излезете од дома, да се смирите, а потоа смирено разговарајте за проблемите.

psiholoshki-trikovi-shto-mozhe-da-vi-ja-spasat-vrskata-ili-brakot-niz-ilustracii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Знаци дека кон сопругот се однесувате како мајка, а не како сопруга (и како тоа се одразува врз инти... Се враќате од работа, трчате со полни торби за да зготвите и да исчистите, а соп...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg