Босански психолог откри зошто се распаѓаат браковите на Балканот – наиде на критики

„Мајките се подобри учители за децата, а татковците бегаат од одговорност“ – Голем број родители се препознаа во овој опис на босанскиот психолог Данијела Остојиќ, кој според неа е причина за развод, но имаше и такви што ја осудија: „Сами си ги третирате мажите како неспособни, и ги туркате“ – ѝ порачаа.

neodgovorni-ste-bosanski-psiholog-ja-navede-najchestata-prichina-za-razvod-pa-stana-meta-na-kritiki-01.jpg

Босанскиот психолог Данијела Остојиќ често во своите објави на социјалните мрежи се обидува да поттикне дебата за начинот на којшто функционираат балканските семејства, а иако се случува да наиде на критики, има голем број родители што се сложуваат со неа.

bosanski-psiholog-otkri-zoshto-se-raspagjaat-brakovite-na-balkanot-naide-na-kritiki-05.jpg

Водена од своите искуства со пациентите и од секојдневниот живот, таа сака да укаже на грешките што ги правиме во односите, па заради тоа многу често браковите завршуваат со развод.

„Бегството од одговорност е главен машки адут за сите проблеми во односите“ – стои на фотографијата што таа ја објави на Инстаграм, а до неа појасни:

„Мојата сопруга прекрасно ги воспитува децата, јас нејзе ѝ ја препуштив таа работа, затоа што кога јас би ги воспитувал децата, сигурно би ги упропастил“.

Оваа реченица е мошне позната во брачната терапија, најчесто кај машките партнери, додека се обидуваат да ја префрлат одговорноста за сопственото ангажирање во родителството.

Воедно, тоа е најчестата причина за конфликти во бракот. Сакам да кажам дека одговорно е да се споделуваат обврските. Што мислите вие?“.

bosanski-psiholog-otkri-zoshto-se-raspagjaat-brakovite-na-balkanot-naide-na-kritiki-03.jpg

Нејзината објава наиде на голем број позитивни коментари, од жени кои сметаат дека психологот е во право и кои се препознале во оваа теорија.

„Тоа е производ на патријархатот – на жените манипулативно и со цел им се наметнува цела низа одговорности, поврзани за децата, куќните обврски и целиот емотивен систем во односите, а истовремено се нормализира дека мажите ништо не знаат и не можат освен да се занимаваат со она што ги интересира“;

„Тоа започнува уште со фразата: ‘не се осудувам да го држам бебето, да не го повредам’;

bosanski-psiholog-otkri-zoshto-se-raspagjaat-brakovite-na-balkanot-naide-na-kritiki-04.jpg

Но, има и такви што остро се спротивставија на овие нејзини ставови.

Некои рекоа дека не се само татковците што бегаат од одговорност (туку дека има и такви мајки), а други пак ѝ порачаа:

„Често татковците се истуркани од тие обврски и одговорности, третирани како да се непособни, што тие сами неретко го прифаќаат“;

„Односот меѓу мајката и таткото ги воспитува децата, а не мајката или таткото“;

„Бегство од одговорност! ЈАС да ве прашам, кога мајката не може да ги смири децата, кому се обраќа?“ – ја прашуваат дел од нејзините следбеници.

bosanski-psiholog-otkri-zoshto-se-raspagjaat-brakovite-na-balkanot-naide-na-kritiki-02.jpg

Што мислите вие? Може ли да се генерализираат работите и да се зборува дека само бегството од одговорност е главна причина за разводите? И дали воопшто тоа „бегање“ е само машки проблем?

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg