Како да го навикнете вашето дете да пие повеќе вода?

Кај сите деца, особено кај оние во процес на формално образование, може да се забележи сличен однос кога се во прашање течностите кои ги внесуваат на дневно ниво - ја избегнуваат водата, а преферираат големи колични засладени и газирани пијалаци.

kako-da-go-naviknete-vasheto-dete-da-pie-povekje-voda-04.jpg

Активниот живот кој го водат децата подразбира намалување на нивото на течности во телото - дали преку дишење, потење или внес на храна. Затоа, од исклучителна важност е да знаете како да го навикнете вашето дете да пие повеќе вода.

Експертите препорачуваат дека секое дете на возраст од 4 до 8 години треба да пие најмалку 1 литар вода дневно, не вклучувајќи ги тука засладените пијалаци и останати видови на освежување. За децата над 8 години се препорачува и повеќе од 1 литар вода, а тинејџерите (13+ години) треба да консумираат околу 2 л вода. Меѓутоа, ова е тешко да им го објасните на вашите деца, па затоа некогаш треба да бидете инвентивни со барањето решенија за тие да останат здрави и нивниот развој да биде правилен.

kako-da-go-naviknete-vasheto-dete-da-pie-povekje-voda-01.jpg

Кај помалите деца, секогаш е подобро да го направите пиењето вода забавно, за тие да не го сфатат како ригидна обврска. Еден пример како да го направите тоа е да му купите на вашето дете негова сопствена чаша или пак шишенце од кое ќе пие постојано. Побарајте некое со неговиот омилен суперхерој, спортист или со омилениот филмски лик. Така детето ќе има некоја своја сопственост од која ќе му биде задоволство да пие вода и да ја носи со себе, а притоа ќе добие и лекција по одговорност, бидејќи ќе научи да го чува она што е негово.

kako-da-go-naviknete-vasheto-dete-da-pie-povekje-voda-02.jpg

Овие работи не се секогаш ефективни кај постарите деца, па затоа за нив ќе треба навистина да се потрудите. Обидете се да поставите некаков систем на наградување ако вашето дете пие повеќе вода. И тоа не мора да биде материјална награда - може да биде едноставно продолжување на времето за играње надвор, давање на повеќе време за сурфање на интернет или можеби исполнување на некоја од неговите желби. Разговарајте со вашето дете и базирајте го наградниот систем на она што ќе има најголема корист за него - така ќе го мотивирате да се придржува до поздрави навики, но и ќе ја подобрите меѓусебната комуникација.

kako-da-go-naviknete-vasheto-dete-da-pie-povekje-voda-03.jpg

Сепак, најважно е да предводите со пример. Многу е хипокритично да го убедувате вашето дете дека не треба да пие газирани и засладени пијалаци, а вие да го правите тоа постојано. За почеток, отстранете ги засладените пијалаци од фрижидерот и наполнете го со вода. Хидратацијата со вода секогаш треба да ви биде прв избор на вас и вашето дете.

kako-da-go-naviknete-vasheto-dete-da-pie-povekje-voda-05.jpg

Се’ разбира дека не е важно само колку, туку и каква вода пиете! На вас и особено на вашето дете ви е потребна квалитетна, вода која ќе ви помогне да го поттикнете метаболизмот да работи подобро и побрзо, која ќе ви даде енергија и ќе ве снабди со сите потребни минерали. Токму таква е Ладна - вода со совршено балансиран хемиски состав кој ќе му помогне на вашето дете полесно да ги исфрли токсините од телото, ќе го зајакне неговиот имунолошки систем и ќе ја одржи на високо ниво физичката и менталната активност. Исклучително ниското ниво на натриум, ја прават Ladna погодна за деца од најрана возраст. Затоа, Ladna е прва вода препорачана од Здружението на педијатри на Македонија и е погодна за подготвка на храна за доенчиња. За вас, а особено за вашето дете, Ладна претставува совршената голтка здрав живот!

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg