Кога пијалакот е приоритет – Жена го остава внукот да падне за да ја „спаси“ чашата (видео)
За некого хумористично видео, за друг е потег за осудување - на Твитер вирално се шири видео од жена во години која си го остава внукот да падне во обид да ја спаси чашата со пијалак.
Кога ќе ставите на вага, на одредени години изгледа пијалакот е од поголемо значење отколку малите деца... или сепак не.
На Твитер се појави видео од жена во години која си игра со мало бебе, а британските медиуми ја претставуваат како баба на детето. Во одреден момент бебето ја фаќа чашата со пијалак, а во обид да ја спаси, жената го пушта внукот да падне.
Дел од твитерџиите го гледаат видеото како хумористично и прават шеги на нејзина сметка – „Наградата Баба на годината оди кај неа“, „Си ги знае приоритетите на свои години“. Други пак, го осудуваат овој чин.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





