„Не“ за цуцла и шмукање палец после првата година

Многу често се случува дечињата кои имаат одложен развој на говорот, имаат и потешкотии со фините моторни вештини.

ne-za-cucla-i-smukanje-palec-posle-prvata-godina-01.jpg

Но, дали знаете дека при говорењето ги правиме најфините моторни движења со усните, јазикот, образите, непцата, забите?

За да изговориме еден збор неопходно е да ги придвижиме говорните органи за да артикулираме одреден глас. Се движи јазикот, со тоа што на пример за изговор на гласот “Т”, потребно е врвот на јазикот да ги допре горните предни заби, итн.

Логопедот помага во случаите каде треба да се подобри квалитетот на говорот. Неретко имаме задача да ја одредиме стабилноста на вилицата и нејзината поставеност при артикулација, дали јазикот е доволно и добро подвижен, потоа дали усните се затвораат и движат...

Кога се работи на оралната моторика паралелно со говорната терапија, се постигнуваат одлични резултати.

Што може Вие како родители да превземете за да ја подобрите оралната моторика?

Да го прекинете користењето на цуцла и шмукањето на палецот после првата година.

Да го прекинете користењето на шише со цуцла кога детето ќе наполни една година.

ne-za-cucla-i-smukanje-palec-posle-prvata-godina-02.jpg

Користењето на цуцлата не дозволува независно движење на вилицата, јазикот и мускулите на лицето, па затоа честопати сме сведоци на деца чии јазик е со надворешна протрузија, со задебелен врв, тешко подвижен итн. Сето тоа доведува до потешкотии во артикулацијата.

Кога детето почнува да џвака храна, контролирајте го неговото џвакање, внимавајте тоа да биде подеднакво и на двете страни. Децата кои имаат навика да ја обработуваат храната само еднострано, ја зајакнуваат само едната половина од јазичниот муслул, па исто така настанува потешкотија во чистата артикулација на гласовите.

Вилицата, усните, јазикот си имаат своја прецизна фина моторна работа.

Создавањето на здрави говорни навики од најраната возраст помага во работата на мускулите.

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и: Наједноставниот начин за одвикнување на вашето дете од цуцла со логопедот Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...
8 работи кои може да ги правите со вашите деца додека патувате, а немате интернет Игри кои се одлични за збогатување на вокабуларот на детето и го развиваат чувст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg