9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации)

Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му велите дека не треба да плаче како бебе … Кои родителски реакции може да се вратат како бумеранг подоцна во животот и зошто?

9-tipa-na-odnesuvanje-na-roditelite-shto-im-se-vrakjaat-kako-bumerang-niz-ilustracii-01.jpg

Тешко е да се биде родител. Никој не ви дава точен прирачник за однесување, а понекогаш не сте ниту свесни дека вашите најмали реакции може да имаат долготраен ефект и потоа да ви се вратат како „бумеранг“ во ситуациите кога најмалку очекувате.

Кои грешки во однесувањето на родителите со децата може да ги повредат вашите деца, а потоа и да ви се вратат кога најмалку очекувате?

Откривање на тајните на детето

Ако детето ви открило некоја тајна тоа е многу голем чекор за него.

Со тоа што ви открива детали, детето на еден начин го тестира вашиот авторитет, но и ви овозможува да изградите пријателство.

Ако се налутите затоа што ви се доверило, или ако ја издадете неговата тајна пред сите, можете да очекувате дека детето засекогаш ќе ја загуби довербата во вас.

Немојте да бидете изненадени, ако потоа се чувствувате како да не знаете ништо за вашето дете.

9-tipa-na-odnesuvanje-na-roditelite-shto-im-se-vrakjaat-kako-bumerang-niz-ilustracii-02.jpg

Преголема строгост и контрола

Строгите родители очекуваат понизност од децата без прашање, и секој обид на детето да преговара, го набљудуваат како непочитување или непослушност.

Овие родители често не водат грижа за чувствата на нивните деца и за нивните мислења, па затоа за секоја непослушност имаат и соодветна казна.

9-tipa-na-odnesuvanje-na-roditelite-shto-im-se-vrakjaat-kako-bumerang-niz-ilustracii-03.jpg

Велат дека на тој начин ги учат децата за вистинскиот живот. Но, дали е така?

Се покажало дека децата што израснале во вакви заедници често израснуваат во луѓе што не се доволно независни, кои се борат со несигурност и намалена самодоверба, а им недостасуваат и основните алатки за да преземат одговорност.

Тоа е така, затоа што од најмали нозе овие деца научиле дека нивниот глас не се слуша и дека нема ниту потреба да ги искажуваат своите ставови.

9-tipa-na-odnesuvanje-na-roditelite-shto-im-se-vrakjaat-kako-bumerang-niz-ilustracii-04.jpg

Му велите на детето дека немате време за него

Родителите кои емотивно ги запоставуваат своите деца, не ги запоставуваат комплетно, но не им даваат ниту доволно внимание.

Ова однесување им се враќа како бумеранг подоцна во животот, па можете да ги слушнете како се жалат дека децата не им покажуваат доволно љубов, грижа и почит.

9-tipa-na-odnesuvanje-na-roditelite-shto-im-se-vrakjaat-kako-bumerang-niz-ilustracii-10_2.jpg

Не му дозволувате на детето да ги покаже емоциите

„Не плачи како бебе! Гледај! Сите ти се смеат …“

Многу од нас израснале со овие зборови, а може да се случи и самите да ги употребиме во обид да го смириме детето што неутешно плаче.

Но, на долг рок, овој наш обид за смирување може да влијае негативно врз детето кое ќе стане срамежливо и повлечено.

Ако на детето му се плаче, оставете го да се исплаче. Тоа е важно за само да научи да се избори со непријатните емоции.

9-tipa-na-odnesuvanje-na-roditelite-shto-im-se-vrakjaat-kako-bumerang-niz-ilustracii-15_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg