9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации)
Ги делите децата според полот или возраста
Често се случува родителите од поголемото дете да очекуваат да ги преземе обврските на родител или од женските деца да очекуваат да помага за извршување на „женските обврски“ во домот.
На тој начин едното дете го учите дека треба да биде одговорно, додека другото дете учи дека може да се извлече од секоја ситуација.
Со текот на годините овој раздор станува сè поголем, па заради тоа може да настанат конфликти меѓу браќата и сестрата.
Се срамите да си играте со децата
Децата често се огледало на однесувањето на родителите, а тоа важи и за забавните работи.
Затоа многу е важно да си играте и да се забавувате со децата, а не целосно да сте сконцентрирани само на сериозните разговори.
Сметате дека децата мора да го јадат тоа што вам ви се допаѓа
За вкусовите не се расправа. Тоа што вам како возрасни ви се допаѓа, за децата може да биде одвратно и обратно.
Затоа немојте да му се лутите на детето затоа што не сака да го јадењето што сте го зготвиле. Потсетете се дека има работи што и вие не сакате да ги јадете.
Му ги наметнувате сопствените соништа на детето
Ниту самите не сме свесни дека ги проектираме нашите стравови, соништа и амбиции врз децата. Очекуваме дека тие треба да ги имаат истите емоции и соништа како нас, кога сме биле деца.
Се однесуваме како да сме си родители сами на себе, што е погрешно. Секое дете има свои таленти, потреби и амбиции, на кои треба да им се посвети внимание.
Премногу сте попустливи
Попустливите родители знаат кои се правилата, но не се обидуваат да ги спроведат. Често им е тешко да ги дисциплинираат децата и дозволуваат лошото однесување да продолжи.
Во ред е да водите грижа за емоциите на детето, но мора да го научите дека постојат и граници, за да не создадете неодговорна личност, што нема да води сметка за ништо во животот.
Б. С. Б. | Црнобело