Емотивна фотосесија на бебе родено со царски рез откако мајка му настрадала од пијан возач
„Мојата ќерка е последниот подарок кој сопругата ми го даде, таа е благослов и чудо“, вели Џејмс.
Емотивна фотосесија од бебе родено со царски рез откако неговата мајка настрадала во сообраќајна незгода, предизвикана од пијан возач, го обиколи светот.
23-годишната Есенија Агилар фатално била удрена од автомобил на 11 август додека шетала во Калифорнија со нејзиниот сопруг. Била во 35-тата недела од бременоста.
Докторите го донеле на свет новороденчето со царски рез, но не можеле да ја спасат Агилар.
Поднесена е тужба против сторителот на делото кој додека возел бил под влијание на алкохол и дрога.
По трагичната загуба, вдовецот Џејмс Алварез (36) направил емотивна фотосесија со неговата новородена ќерка.
„Мојата ќерка е последниот подарок кој сопругата ми го даде, таа е благослов и чудо“, вели Џејмс.
Тој организирал фотосесија кај истиот фотограф кој ја сликал Агилар за време на бременоста. За фотосесијата бил употребен нејзиниот свадбен вел , омиленото цвеќе и ќебенце.
Фотографиите се споделуваат по социјалните мрежи со предупредување: „Не возете под дејство на алкохол или дрога“.
Емотивните фотографии:
Фотографија од тројцата направена со Фотошоп:
С. С. | Црнобело