Мајка покрена дебата со тврдењето: „Многу е полесно да се работи, отколку да седите дома со децата“

Полесно е да се оди на работа или да се чуваат деца? Мајка поттикна вистинска дебата на социјалните мрежи откако рече дека избира да оди да работи, наместо да се грижи за сопствените деца.

majka-pokrena-debata-so-tvrdenjeto-mnogu-e-polesno-da-se-raboti-otkolku-da-sedite-doma-so-decata-01.jpg

Најчесто за мајките што седат дома се смета дека им е лесно и дека не работат ништо и нема од што да се изморат, но оваа мајка го тврди сосема спротивното.

Сара Торенсен од Австралија е вработена мајка која објави едно кратко видео на социјалните мрежи и предизвика вистинска дебата.

Таа го постави прашањето: „Дали на личноста што работи ѝ треба повеќе сон?“ и даде неочекуван одговор:

„Да требаше да изберам дали да останам дома со децата или да одам на работа по некоја тешка ноќ... Секогаш ќе изберам да одам на работа.

Мислам дека јас сум релевантна за да зборувам за тоа затоа што има денови кога работам и денови кога сум дома и се грижам за децата и ќе ви кажам нешто што оние жени што работат не сакаат домаќинките да го знаат: ‘Многу е полесно да се оди на работа, отколку да се седи дома со децата’“ – вели таа.

majka-pokrena-debata-so-tvrdenjeto-mnogu-e-polesno-da-se-raboti-otkolku-da-sedite-doma-so-decata-02.jpg

Како што вели, кога оди на работа може да слуша каква сака музика и поткасти додека вози, може да се напие кафе и да прошета, а тоа е невозможно во оние денови кога ги чува децата.

majka-pokrena-debata-so-tvrdenjeto-mnogu-e-polesno-da-se-raboti-otkolku-da-sedite-doma-so-decata-03.jpg

Исто така, тука се и разговорите со возрасните колеги и користењето и на другите делови од мозокот.

Сара вели дека во деновите кога треба да остане со децата ѝ се случува воопшто да нема нормална човечка комуникација.

„Од оној миг кога ќе се разбудиш, додека да заспиеш, постојано си во акција. Мора да интервенираш за неверојатно неважни работи. Постојано има некој конфликт.

Постојано некому нешто му треба. Ти викаат за сè и сешто и постојано треба да правиш нешто за некој друг“ – вели таа.

@imperfectalignment If I had a choice between staying at home with the kids or working after a rough night ... I would choose a work day EVERY TIME #workingmum #defaultparent #parenting #mumlife #secret #tipsandtricks #fyp ♬ original sound - Sarz

Нејзиното видео покрена низа коментари. Додека едни мајки сметаат дека е подобро да се биде домаќинка, многу поголем е бројот на оние што тврдат дека на работа им е полесно.

„Кога одам на работа, како да сум на одмор“, „Исто така се чувствувам“, „Работам како медицинска сестра и полесно се справувам со пациентите, отколку со децата“ – се само дел од коментарите.

Што би избрале вие? Да седите дома и да се грижите за децата по цел ден, или да одите на работа? 

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg