„Повели мамо!“ - Бебе се роди со контрацептивната спирала на мајка си во рачето (видео)
Вајолет од САД била убедена дека не може да остане бремена, затоа што имала спирала – не очекувала дека 9 месеци подоцна ќе ја добие ќерката Руди која во рачето го држела средството за контрацепција.
Се смета дека спиралите се едно од средствата за контрацепција што нудат највисока заштита против несакана бременост, но една жена, и покрај тоа што имала спирала, останала бремена, а на породувањето нејзината ќерка излегла држејќи ја спиралата во раце.
Вајолет Френсис (20) од САД на ТикТок го сподели своето неверојатно искуство за тоа како останала бремена и покрај тоа што била сигурна дека нема шанси да забремени затоа што користела спирала како средство за контрацепција.
Вајолет останала бремена околу една година откако стапила во брак со сопругот, а вели дека знаела дека нешто се случува со неа затоа што неколку недели не се чувствувала добро.
„Имав мачнини околу две недели и ми се случуваше понекогаш да повратам“ – вели таа и додава дека потоа одлучила да направи тест за бременост само за да биде на чисто. Но, останала збунета кога видела дека тестот е позитивен, па направила уште 6 други тестови.
Оваа бременост е вистинско чудо, затоа што во 99 отсто од случаите спиралата е мошне ефикасно средство за контрацепција, а ако жената остане бремена, најчесто тоа е вонматерична бременост.
„Ако имате симптоми на бременост или ако ви доцни менструацијата направете тест. Подобро е да знаете затоа што постои висок ризик од вонматерична бременост кога имате вградена спирала“ – вели Вајолет.
Инаку на ТикТок масовно се споделува видеото на која се гледа раѓањето на ќерката на Вајолет, Руди, која се родила со спиралата во рака.
@_champagnemami___ #stitch with @violet_quick excuse me? #no ♬ original sound - Drake
Б. С. Б. | Црнобело