„Имавме забава за откривање на полот со розови конфети, купивме розова облека – се шокирав кога родив машко бебе“
„По два прегледи ни потврдија дека очекуваме девојче и целата бременост jа поминавме во исчекување на ќерката Амелија, а го добивме синот Ноа“ – раскажува оваа жена која тврди дека лекарите двапати го згрешиле полот на нејзиното бебе, а таа залудно потрошила пари.
Лиен Грејди (22) од Англија била пресреќна кога на неколку прегледи во бременоста ѝ кажале дека очекува девојче, па потрошила стотици фунти на облека за девојчиња.
Таа и нејзиниот партнер Мет Нетанкот (25) имале и голема забава за откривање на полот во рамки на која, на најблиските, со розови конфети им соопштиле дека очекуваат девојче, па подароците што ги добила биле розови и наменети за женско бебе.
Освен ова, додека се подготвувале за доаѓањето на новиот член во семејството, Лиен и Мет избрале име за девојче, па и ја декорирале собата соодветно според полот што претходно им го соопштиле.
Лиен во изјава за медиумите вели дека била на преглед во 17-тата недела каде ѝ рекле дека ќе има девојче, а истото ѝ било потврдено и на следниот преглед во 20-тата недела.
„Целата бременост се подготвував за девојче. Избравме име и купивме голем број розови парчиња облека, па дури и голем број декорации за нејзината соба.
За среќа, голем број од големите предмети, како креветчето и гардероберите беа во неутрална боја, но емотивно тешко се справив со вестите. Сега, моето мало момче е прекрасно и не можам да си го замислам животот поинаку“ – вели таа.
Можете да го замислите само шокот што го доживеала во 34-тата недела од бременоста, кога ѝ соопштиле дека претходно била направена грешка и дека најверојатно ќе добијат машко бебе.
„На само неколку недели пред породување се чувствував како да доживеав тежок удар. Сакавме само бебето да биде здраво и среќно.
На почетокот ми беше тешко, но сега не можам да си го замислам животот беа Ноа, тој е совршен“ – вели таа.
По ова Лиен и Мет одлучиле бебето да го добие името Ноа, наместо Амелија, а трошоците од стотици фунти на сина облека, одлучиле да ги пренаменат во родово неутрална облека, за секој случај.
Розовата облека ја сочувале со надеж дека малиот Ноа еден ден ќе добие сестричка.
Б. С. Б. | Црнобело