Босански психолог даде дефиниција за „балкански брак“ и наиде на критики: „Никој веќе не живее така!“

„Лупаш среќо... Можеби ти живееш таков брак“, „На таков начин не живееле моите родители, а не моите врсници“, „Живеам во Босна, но ваков брак не сум видела“ – стои во дел од коментарите што еден босански психолог ги доби откако се обиде на шеговит начин да го опише балканскиот брак.

bosanski-psiholog-dade-definicija-za-balkanski-brak-i-naide-na-kritiki-nikoj-vekje-ne-zhivee-taka-01.jpg

Босанскиот психолог Данијела Остојиќ е позната по тоа што на социјалните мрежи редовно споделува совети поврзани со менталното здравје.

Нејзините следбеници имаат можност да ги погледнат видеата поврзани со депресијата, односите меѓу партнерите, односот на родителите кон децата и голем број други прашања поврзани со менталното здравје.

View this post on Instagram

A post shared by Danijela Ostojić (@danijelaostojic.psiholog)

Во едно од нејзините последни видеа Данијела на шеговит начин говори за тоа како (не треба да) изгледа балканскиот брак.

„Што е балкански брак? Првата брачна ноќ се прави дете. По првото, следува второто. Таа престанува да се дружи со другарките затоа што нема време. Тој оди на фудбал во термини. Кога не е на фудбал, тогаш е со другарите на пијалак.

Како што поминува времето таа вели: „Едвај чекам да излезе од дома“. Бракот станува должност и обврска.

Сѐ повеќе двајцата стануваат незадоволни, но не се разговара за тоа, затоа што така живеат сите.

Така живеат неговите родители, така живеат нејзините родители, а сексот завршил уште кога се правеле децата. Заклучок: немојте да живеете балкански брак, тоа не е добро за менталното здравје“ – вели таа во видеото.

Како и да е, нејзината објава наиде на голем број коментари, додека некои тврдат дека имаат таков брак, се чини дека многу погласни се оние што споделуваат негативни коментари и нејзината дефиниција ја оценија како застарена.

„Вака не живеат ниту моите родители, а не моите врсници. Можеби слично живееле баба ми и дедо ми, само што дедо ми одеше на лов наместо на фудбал. Ако говорите за времето во 20-иот век пред Втората светска војна, тогаш така живееле и брачните партнери во Европа“,

„Лупаш среќо... Можеби ти живееш таков брак и твоите и неговите родители, но има и други среќни бракови, без твојот длабок сарказам, а што се однесува до сексот и тоа не е точно“,

„Што ни препорачуваш, децата да ги оставиме сирачиња“,

„Каде го има ова? Во која димензија“ – стои во дел од коментарите.

Што мислите вие? Постојат ли уште вакви бракови на Балканот?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg