Луѓе споделуваат зошто зажалиле за нивниот развод: „Сега не можам да си ги гледам децата“
„Се разведов додека имав психоза. Штом почнав да пијам лекови, се освестив за грешката, но веќе беше многу доцна“.
Разводот е тежок и особено болен процес, без разлика која е причината што ги натерала партнерите на оваа одлука.
Некогаш разводот навистина е најдобриот избор за двајцата партнери, но некогаш луѓето сфаќаат дека сепак можеле да го спасат бракот.
На Редит, неколку луѓе во слична ситуација споделуваат зошто зажалиле за нивниот развод:
„Не јас, туку мајка ми. Се разведе од татко ми ’за да му одржи лекција‘ за тоа како таа треба да му биде единствениот приоритет. Дека тој не смее да има други хобија и интереси освен да ги исполнува нејзините желби. Не треба да ви кажам дека сега не ѝ оди најдобро“.
„Бев несреќна и го обвинував бившиот за сè, иако беше одговорен само за некои работи. Требаше да останам во брак и да се потрудам повеќе. По разводот, излегував со неколку луѓе и сфатив колку добар пар сме биле со бившиот и колку е ретка таквата поврзаност“.
„Се разведов додека имав психоза. Штом почнав да пијам лекови, се освестив за грешката, но веќе беше многу доцна“.
„Јас побарав развод бидејќи бев несреќна. Тој се претвораше во личност што не ја знам, а исто и јас. Постојано се расправавме и минував многу време надвор од дома.
Поминаа 18 месеци откако го оставив и секој ден ми недостасува. Посакувам да се трудев повеќе“.
„Мислев дека бракот не функционира и дека повеќе не ја сакам. Сега, кога ќе размислам, сфаќам дека не било така“.
„Јас побарав развод бидејќи мислев дека мојата депресија е наследна, а двајцата сакавме да имаме деца. Но, не можев да дозволам моето дете да ја наследи депресијата, па ѝ реков дека ќе немаме деца. Ѝ реков дека можеби е подобро да најде некој со кого ќе може да има деца.
По разводот открив дека друг здравствен проблем ми ја предизвикува депресијата. Го решив тој проблем и се чувствувам многу подобро. Пробав да ја спасам врската со бившата сопруга, но веќе направив преголема штета. Не поминува ден, а да не помислам на неа“.
„Не јас, туку повозрасен господин што го знам се разведе од првата сопруга кога нивното дете имаше осум години. По некое време, тој се венча со друга жена и сега имаат син.
Еднаш ми кажа дека кога би можел да го врати времето, никогаш не би се развел: ’Без разлика какви проблеми имав во првиот брак, не вредеа болката и страдањето што разводот ѝ ги предизвика на ќерка ми‘“.
„Многу жалам. Не зборувам со бившиот сопруг и не знам како се чувствува тој. Бевме многу млади и двајцата се менувавме.
Мислев дека не би можела да бидам личноста што сакам да станам ако бевме заедно. Но, сега постојано се прашувам дали би ме прифатил како друга личност“.
„Секако дека жалам бидејќи сега не можам да си ги гледам децата постојано“.
„Јас иницирав развод бидејќи не зборувавме за проблемите. Тогаш си кажував дека не можеме да ги решиме. Ако вложував барем 30 минути дневно повеќе во врската, би можел да го спасам тоа што го имавме. Изгледа само сум бил мрзлив“.
„Жалам колку избрзавме со разводот. Не ни пробавме да ги решиме проблемите. Беше хаос и можеби беше вистинската одлука, но мислам дека требаше да одвоиме повеќе време и да размислиме“.
Спирова С. | Црнобело