„Сѐ додека си под мој кров...“ - 25 фрази кои се доказ дека сите мајки се „скроени“ од ист калап

„Сè додека си под мојот покрив... “, „Ние ќе ти ги чуваме парите... “, „Не чепкај, тоа е за гостите“... Познати ви се овие реченици? Слободно допишете во коментар ако сме заборавиле некоја.

dokaz-deka-site-majki-se-skroeni-od-ist-kalap-kolku-od-ovie-rechenici-ste-slushnale-vo-detstvoto-01.jpg

Кога бевме деца заканите од родителите ни изгледаа страшно и неправедно, а сега можеме слатко да се насмееме и да се присетиме на некои од нив.

Издвоивме 25 реченици за кои веруваме дека секој ги слушнал барем еднаш од родителите, посебно од мајките кои најчесто ги користат.

Доколку сме заборавиле некоја слободно пишете ни во коментар.

1. Сè додека си под мојот покрив...

2. Јас те родив, јас ќе ти кажам!

3. Исправи се!

4. Ако ти е здодевно, земи книга научи нешто.

5. Да не има нешто благо дома?

- Има, јаболка.

6. Колку човек е подобар со тебе, толку полош (a) стануваш...

7. Дај ги парите од роденденот ние ќе ти ги чуваме.

8. Твоја задача е само да учиш.

9. Ќе ти кажам кога ќе си одат гостите.

10. Само ако ти најдам јас...

dokaz-deka-site-majki-se-skroeni-od-ist-kalap-kolku-od-ovie-rechenici-ste-slushnale-vo-detstvoto-02.jpg

11. Мене не ме интересира што прават другите деца, мене ми е важно ти што правиш.

12. Не чепкај, тоа е за гостите!

13. Не ја голтај мастиката, ќе ти се залепи за цревата.

14. Ај доста, да не ти дадам причина за да плачеш.

15. Не ги превртувај очите, ќе ти останат така.

16. Кога ќе пораснеш, ќе сфатиш.

17. Не пиј кафе, ќе ти порасне опашка.

18. Само мојот глас се слуша во цело маало.

19. Еден ден ќе се сетиш што сум ти зборувала...

20. Збирај памет!

dokaz-deka-site-majki-se-skroeni-od-ist-kalap-kolku-od-ovie-rechenici-ste-slushnale-vo-detstvoto-03.jpg

21. Ќе јадеш и ќе прашаш дали има уште.

22. Кога ќе дојдеш на мои години ќе видиш како е.

23. Затоа што јас реков така!

24. Само нека дојде татко ти. Ќе видиш убаво!

25. Не шетај бос(a). Облечи папучи!

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg