5 реченици кои родителите што растат ментално силни деца никогаш не ги користат
„Ова не го направи многу добро“ - Внимавајте да не израстете перфекционист и дете кое мисли дека секогаш мора да биде совршено за да ја добие љубовта од родителите.
Секој родител сака неговото дете да биде среќно и успешно, но од друга страна многу важно е тоа да биде ментално силно, самоуверено и да има изострен ум.
За да израстете такво дете, потребно е да не користите одредени реченици во секојдневието.
Кои се тие и зошто?
„Смири се“.
Не е добра идеја на вашето дете да му кажете како треба да се чувствува. Во ред е што сакате да му пренесете порака да се смири, но не е во ред да го воспитувате да ги крие емоциите, така во иднина нема да знаете што искусува.
„Не грижи се за тоа“.
Кога ќе го кажете ова, не значи дека неговите грижи автоматски ќе исчезнат. Подобра стратегија е да го научите вашето дете што да прави кога е загрижено, односно како да се справи со тоа.
„Ќе бидеш најдобар!“
Наместо да му кажете „Ќе победиш сигурно“, кажете му „Оди и дај сè од себе, па дури и да не победиш, во ред е“.
„Немој да те видам повторно да го правиш тоа“.
Оваа фраза ја покажува вашата фрустрација и желба вашето дете да избегнува лоши и опасни навики, но децата со оваа фраза како да добиваат предизвик да го направат истото само да пазат да не бидат фатени, односно учат како подобро да го сокријат лошото однесување.
„Ова не го направи многу добро“.
Внимавајте да не израстете перфекционист и дете кое мисли дека секогаш мора да биде совршено за да ја добие љубовта од родителите.
Перфекционизмот кај децата води до анксиозност и различни ментални проблеми. Ценете му ги напорите, а не крајниот резултат.
С. С. | Црнобело