Македонката Ребека Ле Мон одговори на критиките: „Мразам кога ќе ми речат дека сум само мајка – на синот јас сум му сѐ“
„Јас сум мајка! Тоа ме прави будилник, готвач, слугинка, келнерка, учител, медицинска сестра. Немам слободни денови“ – Mакедонката Ребека Ле Мон која живее во Сан Фрнациско им одговори на сите што ја критикуваат дека е невработена и се грижи „само“ за синот.
Честопати се случува мајките што одлучуваат да останат дома и да се грижат за своите деца да бидат мета на негативни коментари затоа што не се вработени, а една Македонка на Инстаграм одлучи да им одговори на сите што им се потсмеваат на жените што ја жртвуваат сопствената кариера за да се посветат на родителството.
Македонската Ребека Ле Мон на Инстаграм објави фотографија со синот Макс до која остави подолг опис во кој им одговори на сите оние кои имаат непријатна реакција кога ќе им каже дека е невработена мајка:
„Денес еден човек ме праша: каде работиш? Кога му одговорив дека сум мајка, тој ми рече: ‘ти си САМО МАЈКА?!’ Мразам кога луѓето ќе речат: ’Ти си само мајка?’
Да, јас сум мајка! Тоа ме прави будилник, готвач, слугинка, келнерка, учител, медицинска сестра, службеник за обезбедување, фотограф, личен асистент, фризер и уште многууу други работи!
Не добивам платени празници, боледување или слободни денови. Работам дење и ноќе. Јас сум на повик 24/7.
Јас не сум може некому ништо, но знам дека на некому сум му сѐ, а тоа е (мојот син) Макси.“
https://www.instagram.com/p/ChWdGNDuUxe/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку Ребека Ле Мон е 29-годишна Македонка која живее во Сан Франциско, заедно со нејзиниот сопруг Марк (52) и едногодишниот син Макси.
Ребека редовно објавува видеа и фоттографии на Инстаграм во кои промовира здрави рецепти и здрав живот, а неретки се објавите каде таа е заедно со нејзиниот син Макси.
Таа редовно оди на прошетки со синот и целосно му е посветена нему и на сите негови потреби, но не се занемарува и себеси.
Нејзиниот ден започнува рано наутро, најчесто во 5 часот, а првите обврски ѝ се перење, чистење, диплење и бањање.
Откако ќе се разбуди нејзиниот син во 7.30 наутро, таа за својот ден има изјавено:
„Се буди, му давам појадок, чистам после појадокот пак, го бањам, го средувам, масирам, па се шетаме, па си играме, па спие, па руча, па слушаме музика, повторно се шетаме, вечера, си игра, го бањам и го заспивам.“
Прочитајте и Ребека Ле Мон (28), Македонка во Сан Франциско: „Имав бајковита свадба на плажа со Марк (51), за породување платив 25.000 долари“
Погледнете повеќе фотографии од Ребека во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CgICCq5P_vq/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CfLaEphrHBB/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CfKFxatpY_a/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело