„Не се кучиња за да ги врзуваш“ – Татко на петорка е мета на критики затоа што ги шета децата на поводник (видео)
„Наместо да ги шеташ како кучиња, научи ги што не треба да прават“ – татко на петорка стана мета на критики откако објави видео на кое се гледа како своите деца ги шета со поводник. Што мислите вие, има ли друг начин за да биде сигурен овој татко дека ниту едно од децата нема да му избега?
Џордан Дрискел (31) од Кентаки (САД), неодамна објави видео на Инстаграм на кои се гледа како ги шета петте деца: Зои, Дакота, Холин, Ашер и Гевин со ремен.
„Дојдете прошетајте еден километар на мое место“ – им порача таткото на неговите следбеници на Инстаграм, на кои се гледа како сите пет дечиња ги држи со ремени за шетање.
Со овој опис таткото сакаше да ја одбрани сопствената одлука да користи ремен за шетање, знаејќи дека ќе има низа негативни коментари.
Тој и неговата сопруга Бријана (34) велат дека е мошне тешко постојано да внимаваат на своите деца и дека редовно користат ремени кога со себе ги носат децата при завршување на секојдневните обврски.
Сепак, иако имаше многу луѓе што ја поздравија неговата одлука и што се согласија дека тоа е најбезбеден начин за да ги шета дечињата, други го критикуваат затоа што сметаат дека ременот е наменет за домашни миленици, а не за деца:
„Децата се премногу возрасни за да ги шеташ со ремен како кучиња“, „Тие не се кучиња. Време е да ги научиш што не треба да прават“, „Што е следно? Ќе им врзеш санка да ја влечат? Кое има црвен нос?“ – стоеше во голем број коментари.
Сепак имаше и голем број следбеници што ја поздравија неговата одлука вака да ги шета децата:
„Браво! Ти правиш сѐ за твоите деца да бидат безбедни“ – стои во еден од коментарите.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело