Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Доктор од Црна Гора ги разгневи мајките: „На бебиња не им е место на плажа – ќе објаснам и зошто“

Педијатар од Црна Гора наиде на низа критики откако објави краток текст со едноставно правило: „На децата не им е место на плажа“, по што објави детално објаснување зошто е тоа така, а може да им биде од корист на младите родители. 

doktor-od-srbija-gi-razgnevi-majkite-na-bebinja-ne-im-e-mesto-na-plazha-kje-objasnam-i-zoshto-01.jpg

Кој е вашиот став за одење со бебе под една година на плажа? Какви совети сте добиле вие и какво било вашето искуство? 

Доктор Јован Раичевиќ од Котор, Црна Гора, кој живее и работи таму, на својот Фејсбук профил напиша кратка

?__cft__[0]=AZV6NOOHYGfYBNfY9n_ogO00txr68XjBbP0EfxRxnmvb7dOzAeG2C1EoK6ZWx5Q62XvEDECxtnc7XNqyhgXXYf_DEhhB0xtWcYJdH2EXSTN6rxHje88pjgR0-aMYtWbdgq5JWdpfFFXm_dkySa3U65cW&__tn__=%2CO%2CP-R" target="_blank" rel="noopener noreferrer">објава која разлути многу мајки во регионот, а истата гласи:

Со обѕир на тоа што во изминатите неколку дена, во амбуланта многу почесто среќавам родители кои прашуваат како да му обезбедат на своето бебе безбеден престој на плажа, одлучив да напишам краток текст со совети за млади родители кои сакаат да одат на плажа со дете помало од 1 година.

Значи, одиме по ред:

1. На малите бебиња не им е место на плажа!

doktor-od-srbija-gi-razgnevi-majkite-na-bebinja-ne-im-e-mesto-na-plazha-kje-objasnam-i-zoshto-03.jpg

Објавата предизвика лавина реакции од гневни родители на кои не им беше јасно што сака да каже докторот, па упатуваа критики кон него, а кратко потоа тој објави уште еден статус во кој се дообјасни.

Дел од втората објава на докторот, во која дава корисни совети што може да им се најдат на родителите (во консултација со нивниот доктор):

„Иако апсолутно се држам до точка 1 во претходниот текст, тоа секако не е мотивирано од моја желба да им се ограничи слободата на родителите со бебиња, туку напротив, да им се укаже на реални ризици со кои се соочуваат кога одат на летување.

Како педијатар со искуство и во амбулантна и во болничка установа во град кој е летна туристичка дестинација, не можам ни да набројам што сѐ имам видено во кариерата – од изгореници од сонце до тешки гастроинтестинални инфекции. Летувањето лесно се претвора во ноќна мора.

За почеток, со новороденче (бебе во првиот месец) не треба да патувате никаде. Новородените бебиња имаат незрел имунитет и не треба да се изложуваат на непотребен ризик да фатат инфекција која ќе им го загрози животот.

doktor-od-srbija-gi-razgnevi-majkite-na-bebinja-ne-im-e-mesto-na-plazha-kje-objasnam-i-zoshto-07.jpg

Новороденче треба да престојува дома, во близок контакт со родителите, може да оди на прошетки, но со намален социјален контакт.

Што се однесува до постарите бебиња, после 6 месеци, кога ќе зајакнат, може да се патува со нив, но дестинацијата и начинот на патување треба да се бираат внимателно.

Од епидемиолошка страна, најдобро е патување со автомобил, за да се избегне престој на места со многу луѓе и заразни болести. За дестинација, најдобро е кај баба и дедо на село или планина, а ако сепак се одлучите за море, ве чека сериозна организација.

Бирајте дестинации на кои нема гужва, плажи на кои не одат сите посетители заради тоа што е плитко и погодно за семејства со деца – таму е полно со луѓе кои ги оставаат своите вируси и бактерии насекаде, а децата сакаат да ја голтаат водата.

doktor-od-srbija-gi-razgnevi-majkite-na-bebinja-ne-im-e-mesto-na-plazha-kje-objasnam-i-zoshto-04.jpg

Ако немате избор, најдобро е да појдете рано наутро околу 7 часот, кога нема многу луѓе, а морето е исчистено во текот на ноќта.

Освен од инфекции, мора да внимавате и на опасноста од сончевите зраци.

Не е препорачливо да се оди на плажа во периодот кога УВ индексот е најсилен, а кога сте со мало бебе, тоа мора постојано да е во ладовина, најдобро под природна сенка, бидејќи чадорите не нудат доволна заштита. 

Пожелно е да имате мал УВ шатор кој ќе штити од зраците. 

doktor-od-srbija-gi-razgnevi-majkite-na-bebinja-ne-im-e-mesto-na-plazha-kje-objasnam-i-zoshto-05.jpg

Бебињата кои цицаат треба почесто да се дојат заради ризикот од дехидрација, а на останатите да им се дава вода, со оглед на тоа што е претопло, а телото на бебињата многу побрзо се загрева.

Престојот на море се смета за здравствена корист заради зголеменото примање на витамин Д преку изложеноста на сонце, но за бебињата тоа нема никакво значење затоа што секако не смеат да се изложат на сонце во првата година од животот.

Затоа не ги изложувајте непотребно на ризик од инфекции, настинки, прегревање, дехидрација и сончеви изгореници.

За нив е доволен и базенот на тераса со малку вода“.

doktor-od-srbija-gi-razgnevi-majkite-na-bebinja-ne-im-e-mesto-na-plazha-kje-objasnam-i-zoshto-08.jpg

Целата објава прочитајте ја тука

Секако, добро е да ги имате овие препораки на ум, но доколку вие треба да донесете одлука за патување со вашето бебе, најдобро е да се консултирате со вашиот педијатар.

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Бебе мое, јас те нишкав за да заспиеш, а сега трчаш низ куќата како да е твоја и стануваш мало чове... Гледам како растеш, но тоа е толку чудно... затоа што сум со тебе секој ден. Ког...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg