Сестри близначки се породиле со разлика од неколку минути - сега трите бебиња ќе ги растат заедно
Филмска приказна од САД... Две сестри близначки се породиле речиси истовремено, едната од нив родила близначиња и сега ќе ги растат трите бебиња заедно.
Идентичните близначки Аманда Кастон (27) и Џулија Балдри (27) од Тенеси, САД се породиле со само неколку минути разлика една од друга, иако термините за породување им биле со разлика од околу еден месец.
Некогаш
Сега
Сестрите кои биле многу блиски уште од детството велат дека сакале да бидат бремени во исто време за нивните деца да бидат на иста возраст, но никогаш не ни сонувале дека ќе се породат во исто време.
Аманда на 28-ми март март годинава го родила синот Мајлс, додека Џулија ги добила близнаците Јосија и Картер.
Си пишувавме пораки и се гледавме на видео повик еден час пред да се породиме и потоа повторно бевме во контакт еден час откако бебињата се родија.
„Возбудени сме што ќе гледаме како растат тројцата наеднаш, веруваме дека ќе биде динамично со три момчиња, но ни се допаѓа што ќе растат заедно, како и ние“, велат сестрите.
С. С. | Црнобело